МКБ склучи договор со Централна Кооперативна Банка АД Скопје за продажба на сопствени извештаи за физички и правни лица

Македонско кредитно биро започна соработка со Централна Кооперативна Банка АД Скопје за шалтерска продажба на сопствени извештати.

mkb-skluchi-dogovor-so-centralna-kooperativna-banka-ad-skopje-za-prodazhba-na-sopstveni-izveshtai-za-fizichki-i-pravni-lica-01.jpg

Отсега, сите правни и физички лица ќе можат да добијат Сопствен извештај во било која експозитура/филијала на ЦКБ АД Скопје ширум земјата.

МКБ е единствената институција на пазарот која изготвува Сопствен извештај за физички и Сопствен извештај за правни лица.

Извештајот е единствен на пазарот што содржи податоци за задолженост и редовност во исполнување на обврските и тоа: обврски по основ на кредити, жиранства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги. Исто така извештајот содржи и податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време кои укажуваат на тоа дали трансакциската сметка е блокирана или не.

Ваквата соработка помеѓу МКБ АД Скопје и ЦКБ АД Скопје е резултат на постојаните заложби за подобрување на пристапот на услугите и прилагодување на потребите на клиентите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg