Кога здравјето и убавината се едно: Интервју со Искра Ветаџокоска - Муцунска, ко-сопственик и генерален менаџер на Виталиа
- Детали
- петок, 12 март 2021
Современиот начин на живот наметна исполнета агенда со обврски. Најчесто помеѓу недостатокот на време и мерката кога и колку е доволно да завршиме со дневните активности, се поставува прашањето за здравиот начин на живот. „Се се гледа на лицето“ - рекол народниот мудрец, ...односот кон исхраната, одморот, физичката активност.....
Брендот Виталиа од првиот ден е синоним за квалитет, понуда и избор на програма на производи, како модел на најдоброто од здравата храна од светските пазари, на домашниот пазар и обратно. Тимот на Виталиа е комбинација на врвни експерти во различни области од фелата, кои секојдневно ги следат трендовите и движењата на пазарите ширум светот.
Тие се лидери, но и предводници на корисните практики во употребата на сенаменско, особено за потребите на современиот човек во урбаните средини.
Со Искра Ветаџокоска - Муцунска, генерален менаџер и ко-сопственик на Компанијата разговаравме за новите производи кои ги поврзуваат убавината и здравјето, а се дел од најновата понуда на брендот.
ОД НЕОДАМНА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР СЕ ПОЈАВИ БРИТАНСКИОТ ПРЕМИУМ ПРОИЗВОД REGENECOLL+, КОЈ Е МОМЕНТАЛЕН ХИТ ВО СВЕТОТ. КАКВО Е ВАШЕТО ЛИЧНО ИСКУСТВО?
Одлично! Позитивните коментари беа одлучувачки. Посакав да го пробам од првиот момент кога слушнав за него. Прочитав се и иако знаев дека на секој од нас, особено во зрелите години ни е потребен природниот колаген, сакав и лично да се уверам. Користам Regenecoll+ веќе една година и промените ме прават посреќна, кожата ми е свежа, борите речиси невидливи, косата и ноктите поцврсти. Пријателите ме прашуваат и со задоволство го препорачувам.
Важно е да знаеме дека Regenecoll+ ја oбезбедува дневната доза на организмот од 5g природен колаген, добиен од висококвалитен бакалар, од кристално-чистите води на Северноатланскиот океан.
КАКО ДА ЈА ОДРЕДИМЕ ВИСТИНСКАТА ФОРМУЛА, КОЛИЧИНА И НАЧИН НА УПОТРЕБА?
Експертите велат дека може да го користиме секојдневно, во период од 8 недели. Јас секогаш се водам по упатството напишано на самиот производ. Важно ми e да знам дека со само 10 грама дневно, рибјиот колаген ја зголемува хидратацијата на кожата дури за 34 %. Regenecoll+ е многу лесен за употреба, во прашкаста форма, спакувана во ќесичка од 5g, без вкус и мирис. Нема правила, со задоволство го пијам со вода, сок или чај, во било кое време. Прекрасно е чувството кога кожата е свежа и еластична, и сите го забележуваат тоа.
ВЕЛАТ, ПОТРЕБАТА ОД ДОПОЛНИТЕЛНА НЕГА ПОСЛЕ 35 - ТАТА ГОДИНА Е ТЕСНО ПОВРЗАНА СО СЕКОЈДНЕВНАТА УПОТРЕБА НА КОЛАГЕН? ВАША ПРЕПОРАКА: ПОЖЕЛНО.... ИЛИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ДА ГО КОРИСТИМЕ?
Искувството ме научи да прашувам и да им верувам на професионалците. Ставот е едногласен : Колагенот е важен. Ни треба, особено ако убавината и здравјето ги чувствуваме како „ЕДНО“.
Медицината вели дека колагенот е структурен протеин кој најчесто е застапен во тетивите, коските, кожата и 'рскавицата. Од сопствено искуство, сите ги забележуваме промените од неговиот недостаток. Уште во младоста, по 25-та год., телото губи многу повеќе колаген, отколку што го произведува. Периодот по 35 - тата година е клучен за дополнителен внес, а по 45-тата год. би рекла и задолжителен. На таа возраст исчезнувањето на природните резерви на колаген во организмот е повеќе од 30%.
ЕВИДЕНТЕН Е ЕФЕКТОТ НА РИБЈИ КОЛАГЕН ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА КОЖАТА, НОКТИТЕ И КОСАТА. НА ШТО СЕ ДОЛЖИ РЕЗУЛТАТОТ?
Клучни се елементите во составот на рибјиот колаген, единствени како такви: глицин, пролин и хидроксипролин. Тоа се аминокиселини кои ги стимулираат клетките во кожата, коските и сврзните ткива, притоа доведувајќи до производство на нов колаген. Со ваквата структура рибјиот колаген постигнува максимална ефикасност врз здравјето, поради која експертите секогаш го посочуваат како приоритетен во категоријата на колаген суплементи што е од особена важност за неговата употреба. Им веруваме, затоа што промените ги забележуваме лично.
КАКО СТРАСТЕН ЉУБИТЕЛ НА СПОРТОТ, ПА ДУРИ И НА АВАНТУРИСТИЧКИТЕ СПОРТОВИ СИГУРНО ВЕ ЗАГРИЖУВА ОПАСНОСТА ОД ПОВРЕДИ. ЧЕСТО СЕ СПОМЕНУВА ДЕКА РИБЈИОТ КОЛАГЕН МОЖЕ ДА БИДЕ И РЕШЕНИЕ ЗА БОЛКИТЕ ВО МУСКУЛИТЕ И ЗГЛОБОВИТЕ ?
Планините се дел од мојот свет. Скијањето ми е омилено, а повредите реална можност. При една незгода во Италија го повредив зглобот и тогаш првпат слушнав за колагенот и неговата функционалност. За само три месеци после неговата употреба, повторно бев спортски активна. Несомнено е дека закрепнувањето од спортски повреди е проблематика не само за професионалните спортисти, туку и за рекреативците. Најновите научни истражувања спроведени со професионални атлетичари и физички активни лица докажуваат дека секојдневниот внес на 10g рибји колаген го забрзува процесот на закрепнување, ја намалува болката во мускулите по интензивна физичка активност и ја намалува инфламацијата.
НО, ДАЛИ Е КОЛАГЕНОТ САМО ЗА ЦЕЛИТЕ НА УБАВИНАТА И СПОРТОТ?
Не, напротив! Несомнено е неопходен и се препорачува и за сениорите. Моите родители се во 7та деценија во животот и редовно користат Regenecoll+ кој им помага да се намалат болките во колената и зглобовите, а воедно и за превенција од остеоартритис и остеопороза - заболувања на коските кои се доста чести кај возрасната популација. Препораките за неговата ефикасност се во насока и за брзо заздравување на различни повреди и фрактури. Организмот го препознава неговото присуство и резултатите се одлични.
Годините можат да бидат само бројка ако грижата и негата за сопственото тело се во хармонија со желбите и можностите. За желбите послушајте го срцето, но за можностите секогаш консултирајте професионалец.