Заштитата на очите е новиот тренд во дигиталниот свет
- Детали
- понеделник, 15 февруари 2021
Се будиш и пред да исчеткаш заби го проверуваш твојот телефон? Влегуваш дома и пред да го вклучиш греењето го вклучуваш телевизорот? Можеби си од оние кои пред да го испијат утринското кафе, го вклучуваат компјутерот на работа?
Светот е постојано во потрага по идеалниот телевизор, лаптоп, телефон или пак некој друг паметен уред, којвеќе е неизоставен дел од секојдневието во кое живееме.
Нашата “романтична врска” со уредите, кои што ги користиме дури до 70% во текот на денот, е под вистинска закана за здравјето на очите. Зрачењето на екраните, кои се скоро сечиј главен центар за комуникација со светот, пријателите и најблиските, полека, но длабински влијае на нашиот вид и општото здравје.
Што е новото кул?
Во време кога сме кул доколку секаде го користиме нашиот паметен уред и ако сме во тек со сите серии, кои што се глобална атракција, зошто да не е кул и да се заштитиме од штетното зрачење од екраните? Како што ги следиме трендовите во технологијата или пак модата, би било кул да го следиме и трендот на водење грижа за своето здравје. Сепак знаеме – среќните луѓе се оние кои генерално тежнеат кон редовен сон, водат грижа за своето физичко и ментално здравје и скоро секогаш зрачат со енергија.
За да го постигнеш ефектот и да бидеш кул, а во исто време здрав, вистинскиот избор паѓа на уникатниот дизајн на очилата Барнер - шпански бренд основан во 2017 година во Барселона, со мотив за подобрување на тешкотиите, кои што ги наметнува модерниот и дигитален свет. Преголемата константна изложеност на очите на сина-виолетова светлинa од екраните има негативни последици по општото здравје на човекот, а тоа ги прави овие очила идеални за заштита, блокирајќи ја штетната светлина која се емитува од екраните кои нè опкружуваат во дигиталната ера во која живееме.
Не случајно Барнер за помалку од четири години се стационира на водечките места во светот кога се работи за очила за заштита од екрани, и се продава во повеќе од 174 земји. Заштитните леќи на очилата се обложени со ултра тенки слоеви, кои се отпорни на гребење, не задржуваат прашина и капки вода, а и многу лесно се чистат. Ултра модерните очила за заштита ја минимизираат несоницата, тензичната главоболка, го намалуваат притисокот на очите и замаглениот вид, како и помагаат со хроничниот замор.
Големиот избор на очилата со висока заштита од екраните сега се достапни и во Македонија. Барнер очилата можат да се видат и купат онлајн на www.screenglasses.mk или на продажните места на Neptun, iStyle Mакедонија, оптика Визус и во одредени оптики низ Македонија.
Доколку најголемиот дел од денот го поминувате пред компјутер или телефон и сте изложени на сино-виолетова и LED светлина, очилата од брендот Барнер се заштитата која им е потребна на вашите очи.
Се шират гласини дека е вистинска среќа кога ги имаш "Барнерките" на себе. Можеби е навистина време за корисно и модерно дополнување на здравјето и стилот.