Како да го започнете пролетното чистење? 

Секогаш кога доаѓа пролетта, се буди и желбата за детално, темелно и длабинско чистење на домот. А најдобар начин да се осигурате дека домот ќе ви биде беспрекорно чист и среден е да ги засукате ракавите и да го направите тоа самите.

kako-da-go-zapochnete-proletnoto-chistenje-01.jpg

Во продолжение, прочитајте неколку совети од dm дрогериите кои ќе ви помогнат да го исчистите домот на еколошки одговорен начин, без грижа на совест и без да ја загрозувате животната средина.  

Пролетното чистење не е само обично средување на домот, туку претставува можност за ревитализирање на домот и подготовка за нов почеток. Исфрлете го старото, направете место за новото и почнете да уживате во местото каде се чувствувате најудобно.  

Прво испланирајте, па фатете се за работа 

Застанете за момент и замислете го идеалното место за живеење. Како изгледа тоа? Не започнувајте со чистење додека не добиете јасна слика за тоа што каде припаѓа и како сакате да изгледа вашиот дом во неговата идеална состојба. Прво исчистете ја дневната соба – местото кое е најпрометно и каде најчесто го поминувате времето. И потоа, започнете со чистење соба по соба. Ќе забележите дека како што чистите, просторот ќе се отвори и ќе ви даде кристално чиста идеја за тоа што сакате да го направите со него.  

Селектирајте го отпадот, за полесно да го одложите подоцна 

Веќе и најмалите глави знаат дека различните типови отпад се одложуваат во различни видови контејнери. Па затоа, олеснете си го процесот на исфрлање на отпадот со тоа што ќе го селектирате уште додека чистите. А за ова, постои еден многу едноставен трик! Во вашиот дом или пред влезната врата поставете корпи или кеси во три различни бои. Еко бонтонот ги препознава овие бои: жолта за пластика, зелена за стакло и сина за хартиен отпад, но вие може да ги користите кои било бои, сѐ додека ги разликувате и назначите која за што е наменета. На тој начин, кога ќе дојде редот да го исфрлите отпадот, тој веќе ќе биде спремен да заврши онаму каде што му е местото. 

Користете еколошки производи за чистење 

А ако сакате вистински да се придржувате кон еколошки свесно чистење, тогаш одберете производи кои не делуваат негативно кон природата и животната средина. Секогаш постои опцијата да чистите со природни средства, но за тоа понекогаш е потребно повеќе напор и истражување. Најдобрата опција е секогаш да користите еко пријателски производи, кои не ја загадуваат природата, а го прават домот беспрекорно чист. Затоа, следниот пат кога ќе поминувате покрај некоја од dm дрогериите близу вашиот дом, разгледајте ја нивната понуда и одберете ги производите за чистење кои ви се потребни. Направете паметен избор! 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg