Деканите од СИТИ Колеџ: „Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци“

Теорија, практика, динамика, технички вештини, прилагодливост на потребите на современиот пазар на труд, можност за учење од најистакнатите академски кадри и предавачи со меѓународни квалификации, се само дел од придобивките што ги добиваат студентите од СИТИ Колеџ, чии врати сега се отворени за идните академски граѓани.

dekanite-od-siti-koledzh-kaj-nas-studentite-prerasnuvaat-vo-visokokvalifikuvani-profesionalci-01.JPG

Студентите имаат можност да одлучат дали ќе студираат Бизнис администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки, Студии по англиски студии, Општествени и хуманистички науки и Комуникации и дигитални медиуми.

Со студирањето на СИТИ Колеџ, чиј Европски кампус е лоциран во Солун, Грција, студентите се стекнуваат со диплома од Универзитетот Јорк. За студентите од Северна Македонија високообразовната установа нуди можности за стипендирање за додипломски и постдипломски студии.

dekanite-od-siti-koledzh-kaj-nas-studentite-prerasnuvaat-vo-visokokvalifikuvani-profesionalci-02.JPG

Деканите на факултетите со нетрпение ги очекуваат идните студенти да го започнат новото поглавје од своето образование, објаснувајќи кои се придобивките од нивните студиски програми.

Д-р Сузи Саввиду, раководителка на Катедрата за психологија, вели дека во кампусот на Универзитетот Сити Колеџ во Јорк Европа, Одделот за психологија е посветен на истражување на комплексноста на човечката мисла, емоции и однесување преку различни теоретски перспективи и врвни истражувања.

„Разбирањето на човечкиот ум бара интегративен пристап кој комбинира сознанија од различни гранки на психологијата. На нашиот оддел ние црпиме клинички, когнитивни, развојни, социјални и невропсихолошки перспективи за да им понудиме на студентите сеопфатно разбирање на психолошките процеси и вештини за критичка анализа“, вели д-р Саввиду.

dekanite-od-siti-koledzh-kaj-nas-studentite-prerasnuvaat-vo-visokokvalifikuvani-profesionalci-3.JPG

На Одделот за психологија, и на додипломските и на постдипломските студии, се нагласуваат различни области на психологијата, како што се клиничката и советодавна психологија, когнитивните и невронаучните перспективи, развојната психологија, социјалните и културните влијанија врз емоциите во однесувањето и менталното здравје.

„Нашите студенти се вклучуваат во искуствено учење преку практично истражување и соработки со професионалци во оваа област. Овој пристап поттикнува критичко размислување, етичка практика и подлабоко вреднување на улогата на психологијата во решавањето на современите општествени прашања“, потенцира д-р Саввиду.

dekanite-od-siti-koledzh-kaj-nas-studentite-prerasnuvaat-vo-visokokvalifikuvani-profesionalci-4.JPG

Д-р Зои Тациока, раководител на Одделот за хуманистички науки, објаснува дека нивната мисија е да обезбедат инклузивно и иновативно образовно искуство со највисоки стандарди, каде што студентите ја негуваат својата љубопитност, го прошируваат својот потенцијал и развиваат социјална свест.

„Наша цел е да ги опремиме нашите студенти со теоретско знаење и вештини за тие да прераснат во критички мислители, одговорни граѓани и висококвалификувани професионалци. Сите наши програми се креирани според најновите случувања во истражувањето, наставата и технологијата и им овозможуваат на студентите различни можности за пракса и волонтирање“, вели Тациока.

dekanite-od-siti-koledzh-kaj-nas-studentite-prerasnuvaat-vo-visokokvalifikuvani-profesionalci-05.JPG

Додипломските студии во комуникации и дигитални медиуми се наменети за студенти кои сакаат да стекнат теоретско знаење, како и да развијат вештини во социјални и дигитални медиуми и новинарство. Студиите по англиски јазик, лингвистика и литература им нуди на студентите можност да стекнат истражувачки вештини во лингвистика, литература, превод и филмски студии, додека магистерските студии по применета лингвистика им нуди на студентите напредна обука во различни поддисциплини на применета лингвистика, преку употреба на специјализиран софтвер и иновативни истражувачки методи.

СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк има статус на меѓународен кампус и е дел од заедницата на Универзитетот Јорк. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, со златна награда за своите наставни методи според TEF (Teaching and Excellence Award) 2023 и рангиран на 146. место во светот според Times Higher Education 2025.

Уписите и рокот за поднесување апликации се веќе отворени, а повеќе информации за заинтересираните кандидати се достапни на линкот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg