„Обичните“ жени со порака за самодоверба и себеприфаќање 

Живееме во свет кој ни поставува рамки уште пред да се погледнеме во огледало. Свет кој ни кажува како треба да изгледаме, кои треба да бидеме, како треба да се однесуваме, како треба да се чувствуваме за да бидеме „доволно добри“. Но, што ако вистинската убавина не лежи во совршенството, туку напротив во различноста? Што ако самодовербата не се гради со споредби, туку со прифаќање? 

obichnite-zheni-so-poraka-za-samodoverba-i-sebeprifakjanje-01.jpg

Иницијативата #СкрозЈас на dm дрогерие маркт е потсетник дека не треба да бидеш копија за да бидеш вреден. Дека не треба да се менуваш или да ја намачуваш својата вредност за да влезеш во нечија замислена рамка на перфектен човек. А оваа приказна е раскажана преку безброј гласови, доста често гласови кои можеме да ги чуеме јасно, со искреност што е невозможно да се игнорира. 

Тамара, вработена во dm вели дека „убавината почнува во моментот кога ќе престанеш да се менуваш за другите“. Долги години се борела со несигурности, но кога конечно престанала да се труди да личи на некој друг, почнала да ја сака својата уникатност. „Работам во средина каде што се среќавам со луѓе секој ден. Гледам дека убавината нема еден лик, еден облик. Таа е во насмевката, во погледот, во искреноста. И што е најважно во тоа да се сакаш себеси.“ 

А тука е и Сандра, која долги години работи во маркетинг секторот. Таа долго време верувала дека мора да одговара на туѓите стандарди за да биде прифатена. Но, со годините сфатила дека најважно е да се чувствува удобно во сопствената кожа. „Некогаш ќе излезам од дома без шминка, некогаш ќе сакам да се дотерам и да се чувствувам посебно. И двете мои верзии се вредни. Најубаво се чувствувам кога не се кријам зад стравови“. 

26-годишната студентка Роберта, зборува за притисокот што го носат социјалните мрежи. „На интернет гледаш луѓе со беспрекорни лица, со ‘совршени’ животи, и несвесно почнуваш да мислиш дека и ти треба да бидеш таков. Но, вистината е дека ниту еден филтер не може да ја долови убавината на еден искрен и природен момент“, вели таа. 

#СкрозЈас не е само кампања туку е целокупна промена на начинот на кој се гледаме себеси. Дали негата на лице значи дека треба да го направиш она што го прават сите останати и да се вклопиш во туѓите очекувања? Дали убавината е да изгледаш „совршено“ за останатите или да се чувствуваш добро во својата кожа? 

Во dm не се зборува само за производи, туку и за тоа како да научиме да се негуваме себеси, не за да станеме некој друг туку за да бидеме најдобрите ама вистинските.  

Животот често нè учи да се криеме, да ги измазниме рабовите, да се вклопиме во некоја туѓа дефиниција за убавина. Но, водителката Јована Стојменовиќ одбра да не се сокрива. Одбра да не дозволи нејзината кожа да биде приказната, туку таа сама да ја раскаже. 

„Милиони луѓе на светот живеат со една специфична состојба на кожата која се вика псоријаза. Јас сум една од нив. Ми се појави во дваесетите години кога најинтензивно се занимавав со моделинг или во најнезгодно време. Следеше повеќегодишен период на интензивни потраги по стандардни и чудесни лекови со цел да исчезне… и што? И ништо. Дојде време да се уморам од сето тоа и да си кажам - доста беше!“ вели Јована, која преку кампањата #СкрозЈас ја споделува својата најважна лекција: Не мораш да се менуваш за да бидеш сакан. Мораш да се прифатиш себе за да бидеш слободен. Во својата храброст, таа стана многу повеќе од модел: стана огледало во кое сите можеме да се видиме. Без филтри и без маски. 

Приказна што ја пишуваме сите. Ова не е само за оние што се чувствуваат сигурни туку ова е и за сите што некогаш се запрашале дали се доволни. Одговорот е „ДА“. Доволни сте, токму такви какви што сте – се’ додека чувствувате дека тоа е вашето #СкрозЈас! 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg