СКОПСКО и македонските планини - нова заедничка приказна за одржлив развој!

Од Беласица до Шара и од Осоговските планини до Јабланица, Македонија е доминантно планинска земја. Нашите високи убавици заземаат речиси 90% од територијата на земјата и се наше вистинско богатство, наша вистинска гордост.

skopsko-i-makedonskite-planini-nova-zaednichka-prikazna-za-odrzhliv-razvoj-01.jpg

Низ целата наша историја планините ни давале прибежиште, нè хранеле, ни го чувале здравјето и ведриот дух. Така и денес, масовно ги посетуваме кога имаме потреба да се тргнеме од градскиот метеж, кога имаме потреба од чист планински воздух, кога нашите очи имаат потреба да се одморат во бескрајното зеленило на нашите гори.

Но, не им враќаме со иста мерка на планините. Сè повеќе се чини дека ја занемаруваме нашата одговорност кон нив. Станува вообичаено и редовна појава нашите планини да се местото каде најнеодговорно се одложува цврст отпад. Се создаваат цели депонии кои зборуваат за нашата негрижа и неодговорност кон генерациите кои доаѓаат по нас.

Пивара Скопје, преку платформата на СКОПСКО, повикува да преземеме одговорност и покажува низ пример како се прави тоа. Платформата „Наша гордост, наша одговорност“ ја продолжува мисијата за заштита на природните богатства, овој пат насочена кон заштитата на Шар планина и Водно.

„Ја создадовме оваа платформа за да алармираме на проблемот со неодговорното одложување на отпадот во прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да им оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и заедно да поттикнеме акција за тие да блеснат во сиот свој сјај“ – изјавуваат од Пивара Скопје. 

Преку оваа иницијатива, со секое купено шише „скопско“ и „скопско смут“ со специјална етикета, се издвојува по 1 денар за активности насочени кон заштита на природата, организирање акции за чистење и подобрување на инфраструктурата во планинските предели.

Планините се наша гордост, но и наша одговорност!

Наша гордост. Наша одговорност.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg