„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

„Трајни културни вредности“, настан на Халкбанк, кој на впечатлив и автентичен начин ја негува македонската култура и традиција, е прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024 година, во рамки на манифестацијата „Best Event Awards Macedonia - BEAM“. Станува збор за настан кој се одржа во рамки на поширока иницијатива на Халкбанк, а креативниот и организацискиот потпис е на маркетинг агенцијата Ефектива. 

trajni-kulturni-vrednosti-na-halkbank-proglasen-za-najdobar-korporativen-nastan-vo-2024-01.jpg

„Трајни културни вредности“ го претвори прекрасниот амбиент на Чифте Амам во храм на македонското културно наследство. Преку совршен микс од храна од речиси сите региони на државата, уметност и мелодиите на Дуке Бојаџиев, гостите имаа можност да отпатуваат назад во времето и со сите сетила да ја почувствуваат македонската традиција. 

Гастрономското наследство, покрај на трпезата, беше пресликано и во изложба на графики од шест уметници, инспирирани од боите и вкусовите на најпрепознатливите македонски специјалитети. На настанот беше промовирано исклучително вредното дело „Патување низ гастрономското наследство“ - уметничка книга со ретки рецепти прикажани преку приказни и илустрации од пет македонски реномирани илустратори.

„Оваа награда е прекрасна потврда за целата иницијатива, ангажман и за ентузијазмот кој Халкбанк го вложи во проектот Трајни Културни Вредности, во чии рамки се реализираше и конкретниот настан минатата година.

Навистина сме горди на ова признание, а истовремено и благодарни на комисијата на БЕАМ која ги препозна овој настан, целата организација околу истиот, креативноста и неговата вредност.

trajni-kulturni-vrednosti-na-halkbank-proglasen-za-najdobar-korporativen-nastan-vo-2024-02.jpg

И секако, неизмерно сме благодарни на нашите  соработници од агенцијата Ефектива со кои го заживеавме и развиваме проектот Трајни Културни Вредности низ годините,“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.

„Трајни културни вредности“ е иницијатива на Халкбанк започната пред две години, чија главна цел е промоција и зачувување на културното наследство, а ваквите признанија се доказ дека тоа го прави на инспиративен и успешен начин.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg