Источна Анадолија - Скриеното богатство на Туркије

За сите љубители на нови туристички дестинации, Источна Анадолија е вистински избор. Тоа е едно од највозбудливите и мистериозни региони на Туркије, каде се спојуваат природните убавини, археолошките знаменитости и богатото културно наследство.

istochna-anadolija-skrienoto-bogatstvo-na-turkije-01.jpg

Со своите неповторливи пејзажи и гостопримливи жители, регионот нуди вистинско доживување за љубителите на историјата и природата. Еве ја листата на скриените богатства на Источна Анадолија, кои се надвор од вообичаената туристичка рута:

Арслантепе – археолошкото чудо во Малатја

Малатја, позната по своите кајсии и богато историско минато, е почетна точка или портата на античкиот свет во Источна Анадолија.

Музејот на отворено Арслантепе датира од пред 8.000 години и е местото каде што се родило првото државно уредување на Анадолија и дава вистински увид во античката социјална структура и бирократско уредување. Локалитетот е заштитен од УНЕСКО.

istochna-anadolija-skrienoto-bogatstvo-na-turkije-05.jpg

Замокот Харпут – сведок на минатото во Елазиг

Замокот Харпут е дел од древната урартуска цивилизација и датира од 8 век пред нашата ера.

Тој е сместен во срцето на Елазиг. Низ историјата овој замок бил сведок на бројни културни и историски настани, кои оставиле белег на архитектурата и значењето на градот.

Кемалије – спој на традицијата и чудата на природата

Сместено покрај реката Еуфрат, Кемалије во Ерзинџан е шармантно гратче со традиционални камени куќи и уникатна архитектура.

Градот е дом на природните атракции како што се водопадот Карсу и кањонот Каранлик.

Со своето културно наследство се вбројува меѓу најдобрите туристички села во Програмата на Обединетите нации за нивно зачувување.

Ани – изгубениот град на црквите во Карс

Археолошкиот локалитет Ани е познат како град на 1.001 црква, а бил значаен средновековен културен и трговски центар на Патот на свилата.

Се наоѓа во близина на градот Карс, на границата со Ерменија. Остатоците од некогашните градби и денес сведочат за неговата величина.

istochna-anadolija-skrienoto-bogatstvo-na-turkije-03.JPG

Палатата на Исхак Паша – архитектонско ремек-дело во Агри

Во подножјето на планината Агри, се наоѓа палатата на Исхак Паша, еден од најубавите примери на отоманската архитектура со влијанија од селџучкиот и европскиот барокен стил.

Изграден во 17 век, овој комплекс е симбол на луксузот и префинетоста на своето време.

istochna-anadolija-skrienoto-bogatstvo-na-turkije-04.jpg

Националниот парк долина Мунзур – недопрена природна убавина

Тунџели, со својата богата флора и фауна, е дом на спектакуларната долина Мунзур, едно од најимпресивните природни богатства во Анадолија.

Овој национален парк нуди можност за авантуристички пешачки тури, посети на кањони, глечерски езера и водопади, што го прави совршен за бегство за љубителите на природата.

istochna-anadolija-skrienoto-bogatstvo-na-turkije-02.jpg

Езерото Чилдир – зимска бајка во Ардахан

Езерото Чилдир, најголемото слатководно езеро во регионот, е магично место особено во зимскиот период.

Во текот на студените месеци, површината на езерото замрзнува, овозможувајќи уникатни активности како санкање, риболов на мраз и прошетки по ледената површина.

Покрај тоа, посетителите можат да уживаат и во традиционалните кавкаски танци и прекрасните специјалите од локалната кујна во автентични дрвени куќички.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg