Карванот на Витаминка продолжува низ целата држава
- Детали
- петок, 31 јануари 2025
Караванот на Витаминка кој што учи на другарство, емпатија и почит од февруари продолжува да ги посетува предучилишните установи низ целата држава. Пренесувањето на најважните социјални и општествени вредности се причината за големиот интерес кај образовните и педагошките кадри и кај родителите и барањето за продолжување и проширување на едукацијата.
Карванот преку музички претстави, на непосреден и забавен начин ги учи децата што значи меѓусебно разбирање, како да се препознаат и ценат различностите, што е доверба и другарство и како да се изградат во општествено корисни личности.
За следниот период предвидено е да се опфатат што е можно повеќе предучилишни установи а каде има потреба претставата ќе се изведува двојазично, на македонски и албански јазик.
Во првиот дел од кампањата, карванот ги посети скопските предучилишни установи и реализира вкупно 48 претстави, кои успеаја да допрат до импресивна бројка од 8005 деца. По позитивните реакции, проектот продолжува низ целата држава, со планирани посети уште во 80 установи, вклучувајќи и рурални региони.
Иницијатор за создавање на карванот со ваков фокус и функција е Витаминка, компанија што ги негува истите вредности и инкорпорира во своите општествено одговорни кампањи. Со овој карван уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон локалната заедница и создавање позитивно влијание врз новите генерации.
Проектот е реализиран од страна на Продукција Триангл, тим од професионални музичари, експерти, педагози, психолози и едукатори, кои се погрижија активностите да бидат прилагодени за возраста на децата и да вклучуваат едукативни елементи.
Со големо нетрпение очекуваме нови насмевки и незаборавни моменти, потврдувајќи ја посветеноста на Витаминка за позитивно влијание врз децата и заедницата, создавајќи иднина полна со вредности и искрена детска радост.