Се прашувате кој е вашиот тип на кожа и не знаете кои производи за нега се соодветни за вас? Секој вторник и четврток, ве очекуваат советниците за убавина во одредени dm дрогерии!  

Секој вторник и четврток dm советниците за убавина ве очекуваат во одредени dm дрогерии, каде бесплатно ќе го одредат вашиот тип на кожа и ќе ви направат персонализирана рутина!

se-prashuvate-koj-e-vashiot-tip-na-kozha-i-ne-znaete-koi-proizvodi-za-nega-se-soodvetni-za-vas-sekoj-vtornik-i-chetvrtok-ve-ochekuvaat-sovetnicite-za-ubavina-vo-odredeni-dm-drogerii-01.jpg

За време на празниците, кога светлината на прославите и топлината на семејството нè опкружуваат, важно е да не заборавиме на себе. Како што се приближуваат овие специјални моменти, нека вашата кожа биде наградена со нега!

Времињата кога во својот несесер имавте само еден универзален крем за лице се минато. Со други зборови, негата на лицето е станата комплексна: голем број брендови, хибридни и повеќенаменски производи, природна и органска козметика, азијска козметика.

Бидејќи добриот совет нема цена, особено кога станува збор за негата и убавината, dm се погрижи советниците за убавина комплетно бесплатно да го одредат типот на вашата кожа и да ви направат персонализирана рутина. Сѐ што е потребно, е да се појавите во некоја од дрогериите: dm ГТЦ, dm City Mall, dm East Gate Mall, dm Куманово, dm Битола, секој вторник и четврток од 16 до 19 часот.

Се прашувате како се одвива процесот? Погледнете тука:

Посетете една од горенаведените дрогерии и стекнете нови знаења за тоа како да го исполните вашиот козметички несесер со производи кои одговараат на вашето лице!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg