Златко Јовановски: „На 18 години направив фирма - јас вредам во сафири и дијаманти, а не во пари“

Моника Станојкова девојката која има над 101 000 следбеници на ТикТок и се претставува како Станојкова Стар, беше дел од последената епизода на Нешто Конкретно а на тема “Живот по свои правила.“

zlatko-jovanovski-na-18-godini-napraviv-firma-jas-vredam-vo-safiri-i-dijamanti-a-ne-vo-pari-01.JPG

Таа важи за прилично контроверзна и како појава но и со своите видеа и ставови на социјалните мрежи беше учесничка и ви Задруга  па на прашањето од водителката што мисли колку вреди, таа рече дека Дека е голем нарцис и знае дека вреди многу а и нејзината околина се согласува со неа.

Креаторот Златко Јованосвки пак, во однос на тоа дали за да живееш по свое треба да немаш срам одговори дека е срамота да должиш и да не им дадеш пари на вработените, срам е да немаш еден ден работен стаж а да имаш 30 години или 25 години а да живееш со твоите и да ја носиш девојка ти во детска,но не е срамота да носиш бунда и круна или да се сликаш гол.

zlatko-jovanovski-na-18-godini-napraviv-firma-jas-vredam-vo-safiri-i-dijamanti-a-ne-vo-pari-02.JPG

Комичарот Стефан кој се препозна во изјавата на Златко, на свој соодветен начин одгвори:Јас живеам со моите,значи треба да се иселам да им се соблечам гол и да им речам:Еве ова не е срамота, се селам од кај вас!

Јана Гигова која е уличен свирач смета дека нема потреба да биде вработена оти не и треба пензиско и здравствено, туку сама си заработува и додаде дека од улични свирки во Македонија се заработува одлично.

zlatko-jovanovski-na-18-godini-napraviv-firma-jas-vredam-vo-safiri-i-dijamanti-a-ne-vo-pari-03.JPG

Во целата епизода со многу хумор и смеење, гостите ја покажаа својата оригиналност, својата досетливост и дадоа впечатливи изјави:

Златко рече дека кога се гледа во огледало гледа совршена личност на која и фалат само неколку милиони и малку повеќе коса, а и дека е спемен да се пензионира во Дубаи, да го ладат на некоја јахта

Јана пак имаше оригинална изјава дека би се пензионирала во Зелениково, ќе биде пензионерка со куќичка и со пушка

zlatko-jovanovski-na-18-godini-napraviv-firma-jas-vredam-vo-safiri-i-dijamanti-a-ne-vo-pari-04.JPG

Моника додаде дека отакако станала позната се појавиле многу луѓе кои сакале да ја искористат нејзината вредност.

Стефан ја заклучи емисијата со имитација на Апасиев, напнат и раздразлив:Ти водителке и цела продукција, кој сака нека дое бе....

Целата епизода во продолжение:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg