Емпатијата и другарството во фокусот на караванот на Витаминка

Со едукација за општествените вредности како другарство, емпатија, почит, караванот на Витаминка продолжува низ скопските предучилишни центри. Низ музички претстави, игра и песна, децата учат за меѓусебното разбирање и за почитување на различностите, им се пренесуваат вредностите кои се клучни во градењето на личноста.

empatijata-i-drugarstvoto-vo-fokusot-na-karvanot-na-vitaminka-01.jpg

Содржините за караванот се создадени од тим од експерти, вклучувајќи педагози, психолози и едукатори, кои се погрижија активностите да бидат внимателно изработени и прилагодени за возраста на децата и воедно да ги содржат едукативните елементи.

empatijata-i-drugarstvoto-vo-fokusot-na-karvanot-na-vitaminka-02.JPG

Проектот е инициран од Витаминка, компанија што ја препозна важноста на едукацијата од најмала возраст и потребата од создавање позитивно влијание врз децата и заедницата, што е и целта на проектот и ја инкорпорира во својата општествена одговорност.

Оваа иницијатива за учење на општествените вредности уште од мали нозе го привлече вниманието на јавноста, родителите и образовните центри, ширум државата кои бараат карванот да се одржи и во нивното училиште. Досега карванот посети 15 предучилишни установи во Скопје, каде што се одржаа над 40 музички и едукативни претстави во кои беа вклучени околу 4000 деца.

empatijata-i-drugarstvoto-vo-fokusot-na-karvanot-na-vitaminka-03.JPG

Планирано е караванот да посети вкупно 80 установи низ целата држава, вклучувајќи градски, но и рурални средини, за да обезбеди секое дете да има можност да биде дел од ова уникатно искуство.

empatijata-i-drugarstvoto-vo-fokusot-na-karvanot-na-vitaminka-04.JPG

empatijata-i-drugarstvoto-vo-fokusot-na-karvanot-na-vitaminka-05.JPG

empatijata-i-drugarstvoto-vo-fokusot-na-karvanot-na-vitaminka-06.JPG

empatijata-i-drugarstvoto-vo-fokusot-na-karvanot-na-vitaminka-07.JPG

empatijata-i-drugarstvoto-vo-fokusot-na-karvanot-na-vitaminka-08.JPG

empatijata-i-drugarstvoto-vo-fokusot-na-karvanot-na-vitaminka-9.JPG

empatijata-i-drugarstvoto-vo-fokusot-na-karvanot-na-vitaminka-10.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg