Антониа Гигоска: „Ослабев 33 килограми за 55 дена“
- Детали
- среда, 20 ноември 2024
„Феномен е кога ми плукаат по детето во коментари“, изјави Антониа Гиговска во новата епизода на поткастот „Равенка за успех“.
Во новата епизода од поткастот „Равенка за успех“ кај Маја Поцевска на гости се пејачката Антониа Гиговска и стилистот Даниел Николовски. Двајцата млади и амбициозни уметници во опуштена атмосфера раскажаа за нивното големо пријателство како и за соработките на професионален план.
Антониа искрено сподели емотивни моменти од нејзиниот живот и раскажа како се справила со јавниот "линч" што го доживеа. Зборуваше за машко женските односи, искуствата со изневерувањата во врските, и за тоа како ги комбинира приватниот и професионалниот живот.
Даниел, смешен и интересен како и секогаш откри многу детали од приватниот живот и го сподели искуството од работата со балканските ѕвезди.
Двајцата говореа за својата соработка, а Даниел сподели како Антониа му праќала слики за тој треба да ги поправи на фотошоп, истите биле невозможно да се корегираат, а пејачката на крај сепак си ги објавила без никакви преправки.
Во поткастот равенка за успех Маја ги праша гостите и за тајната на нивната форма, на што пејачката одговори дека ослабела 33 килограми за само 55 дена и за чудо, тоа го направила со јадење 5 оброци во денот.
Се говореше и за почетоците на нивните кариери, за домашните обврски, а и двајцата гости открија дека не баш најдобро се справуваат во кујната.
Антониа раскажа за љубовта на нејзиниот живот, синчето Киан и дека доколку тој не бил дел од нејзиниот живот сигурно ќе се „изгубела“, а говореше и за минатите врски и искуства и за тоа зошто една жена се одлучува да изневери.
Целиот разговор и работите кои Антониа и Даниел за прв пат ги споделија на јавноста, може да ги погледнете во продолжение: