Адинг ги награди децата на вработените на ликовен конкурс: „Работното место на мојот родител“

По повод „Светскиот ден на детето“ Адинг додели награди и признанија за „Најдобар цртеж од децата на нашите вработени“.

ading-gi-nagradi-decata-na-vrabotenite-na-likoven-konkurs-rabotnoto-mesto-na-mojot-roditel-01.jpg

Конкурсот беше интерно организиран во компанијата, во периодот од 25.10. до 08.11.2024. на тема: „РАБОТНОТО МЕСТО НА МОЈОТ РОДИТЕЛ“.

ading-gi-nagradi-decata-na-vrabotenite-na-likoven-konkurs-rabotnoto-mesto-na-mojot-roditel-04.jpg

Тричлена комисија ги оцени пристигнатите цртежи и определи 6 од нив како наградени во две возрасни категории, првата до 8 години и втората од 9-14 години.

ading-gi-nagradi-decata-na-vrabotenite-na-likoven-konkurs-rabotnoto-mesto-na-mojot-roditel-01_1.jpg

Доделени беа дипломи, а паричните награди ќе се искористат наменски за поддршка на дополнителни воншколски активности на наградените деца. За останатите учесници подготвени се благодарници и комплети за ликовно творење.

ading-gi-nagradi-decata-na-vrabotenite-na-likoven-konkurs-rabotnoto-mesto-na-mojot-roditel-03.jpg

„На овој начин ја стимулираме детската имагинација и ги поддржуваме децата на вработените, во активностите за психо-физички развој преку дополнителни воншколски активности. Како и секогаш, детската креативност изненадува и не ве остава рамнодушни. Уживавме во целиот процес.“- вели Раде Јанков, маркетинг менаџер во Адинг.

ading-gi-nagradi-decata-na-vrabotenite-na-likoven-konkurs-rabotnoto-mesto-na-mojot-roditel-02.jpg

ading-gi-nagradi-decata-na-vrabotenite-na-likoven-konkurs-rabotnoto-mesto-na-mojot-roditel-06.jpg

АДИНГ е компанија за производство на градежна хемија, која е во јубилејната 55 година од нејзиното постоење.

ading-gi-nagradi-decata-na-vrabotenite-na-likoven-konkurs-rabotnoto-mesto-na-mojot-roditel-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg