„Замисли нов свет“, нова претстава на МНТ која ги оживува делата на големиот Горан Стефановски

Во денешниот свет полн со површни пораки и брзи промени театарот останува едно од ретките места коишто ја доловуваат суштината на човечкото искуство и ги третираат важните прашања со коишто се соочуваме.

zamisli-nov-svet-nova-pretstava-na-mnt-koja-gi-ozhivuva-delata-na-golemiot-goran-stefanovski-01.JPG

Оваа есен, репертоарот на МНТ се збогатува со едно ново драмско остварување - претставата „Замисли нов свет“, коешто отвора многу важни прашања за сите нас како општество, но и како човечки суштества.  Проектот ги спојува делата на нашиот голем драмски автор Горан Стефановски со модерниот осврт на режисерката Нела Витошевиќ и носи моќна порака за вистинските вредности кои денес како да сме ги подзаборавиле.

Со премиера закажана за 17 декември, „Замисли нов свет“ е уметнички спој од внимателно избрани теми и дела коишто поттикнуваат размислување за емпатијата и за тоа што значи да се биде дел од една заедница, особено во време кога општеството е сѐ повеќе индивидуализирано. Драматизацијата е на Ана Ристоска-Трпеноска, а претставата ги оживува зборовите на Стефановски кои зборуваат за вечните вредности како што се човечноста, разбирањето и поврзаноста, квалитети што често се губат во денешното секојдневие.

zamisli-nov-svet-nova-pretstava-na-mnt-koja-gi-ozhivuva-delata-na-golemiot-goran-stefanovski-02.JPG

„Театарот е место каде што сѐ уште можеме да видиме и почувствуваме што значи да се биде дел од општеството. Со оваа претстава ја пренесуваме важноста на поврзувањето и емпатијата, вредности коишто Горан ги истражува во своите дела,“ вели Витошевиќ за овој проект. Претставата ја нагласува социјалната и емоционалната длабочина на темите што Стефановски ги претставил на едноставен, но моќен начин – прашања што остануваат релевантни и денес.

Театарскиот проект „Замисли нов свет“ е инициран од Телеком, во рамки на иницијативата #НаправиМесто со која се адресираат предизвиците со коишто се соочуваме како општество и се повикува на нивно надминување. Со иницирање на овој театарски проект, компанијата ги заокружува активностите за оваа година со пораката „Да направиме место, за вистински да се поврземе”.

zamisli-nov-svet-nova-pretstava-na-mnt-koja-gi-ozhivuva-delata-na-golemiot-goran-stefanovski-03.JPG

Како резултат на партнерството со МНТ, оваа претстава ќе остане на репертоарот како вредна инвестиција, која што го пренесува творештвото на Стефановски и неговите пораки за меѓусебно разбирање до идните поколенија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg