Heat го враќа духот на старо Скопје и најдобриот ноќен живот во легендарниот клуб Колосеум што сите го паметиме!

Градот убав пак ќе никне, на 16 Ноември во Скопје Евент Центар или како што љубителите на електронската музика подобро го познаваат екс Колосеум.

heat-go-vrakja-duhot-na-staro-skopje-i-najdobriot-nokjen-zhivot-vo-legendarniot-klub-koloseum-shto-site-go-pametime-01.jpg

На покана на Andrew Meller носителот на брендот Heat, ни доаѓа холандската ДЈ ѕвезда Funkerman, кој со битот на електронската музика на која пред 10-15 години шизевме ќе не одведе на едно незаборавно патување. Сите го знаат по неговиот хит „Speed ​​Up“ и познатиот ремикс „Dopamine“.

По потекло од Србија, Andrew Meller  се етаблира како артист на електронската музичка сцена, во врвот на топ листите со изданија на престижни етикети и наелектризирани сетови на врвни фестивали како Exit, Untold, Green Love Festival, BBM, BSH Amnezia и многу други. 

heat-go-vrakja-duhot-na-staro-skopje-i-najdobriot-nokjen-zhivot-vo-legendarniot-klub-koloseum-shto-site-go-pametime-02.jpeg

Тој како домаќин на настанот ќе ја затвори оваа магична вечер, а ноќта нема да биде иста и без домашна поддршка, добро познатите пионери на ноќниот жувот во Скопје, DJ Bobi и DJ Brancez ќе застанат позади пултот и со маестрален ,,back to back’’ B2B сет ќе ја отворат вечерта.

Картите може да се купат online или во кафичите Рузвелт и Баду Бар. Цената на картите во втората фаза е 700 ден, а на врата ќе биде 1000 ден. 

Вратите се отвараат во 22:00.

Купете си го на време вашиот билет и дојдете со нас на ова безвременско патување. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg