Билдерот Зафиров: „Ме нападна жена, пријавив во полиција“
- Детали
- среда, 13 ноември 2024
Ова беше реченицата на Тоше Зафиров која ги остави вчудовидени и гостите и водителката на Нешто Конкретно, Снеже Велков.
„Кога пријавив во полиција насилство од жена врз мене полицајците мислеа се шегувам со нив или е скриена камера.“
Ваков одговор на прашањето дали се плашите од нападни жени даде Зафиров, образложувајќи дека таа жена постојано го пратела, го вознемирувала и вербално го малтретира. На крајот добила забрана за да му се приближува.
Темата на емисијата беше „Од што се плашат мажите?“ а покрај Зафиров, гости беа и политичкиот новинар Драган Милосављевиќ, Бизнисменот Ненад Пантовиќ-Сињори и стенд ап комичарот Бојан Велевски.
Момците заклучија дека не се плашат ама дефинитивно љубоморна жена не можат да поднесат, паѓаат на женски солзи ама ги иритора „цмиздрење и лигавење".
Не се плашат да не им избегаат сопругите ама дури и кога само сонувале дека ги напуштиле им доаѓало тешко и на самата помисла.
Дека потешко поднесуваат Температура мажите тоа и научно е потврдено, а гостите потврдија дека може и не им е толку тешко ама многу им е убаво тогаш целиот свет да се врти околу нив.
Дефинитивно најголем страв е да не се заљубат во спонзоруши т.е материјалисти жени.
Какви одговори дадоа на прашањето дали се плашат од силни жени, од неуспех и неизвесност и како се остава жена без зборови, погледнете во продолжение: