Прва регионална Becutan конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“

Јавни личности и експерти од земјава и од регионот ќе дебатираат за згодите и незгодите во родителската кариера 

prva-regionalna-becutan-konferencija-vo-skopje-roditelstvoto-nekogash-i-denes-01.JPG

„Tе сакам до небото и назад!“ А каде е границата? Дали таа постои? Што е мит, а што вистина во родителството и дали постои рецепт за совршен родител? Родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромиси. Разбирајќи ги потребите на модерните текови и предизвици на современото родителство, Becutan со особено задоволство го организира овој несекојдневен настан, во чиј фокус е грижата за секое дете уште од првиот ден на раѓањето.

prva-regionalna-becutan-konferencija-vo-skopje-roditelstvoto-nekogash-i-denes-02.JPG

Сопствените примери и искуства низ непосредни тематски панел-дискусии ќе ги изнесат: Тарик Филиповиќ, Петар Бенчина, Сашко Коцев, Сања Кужет, Лејла Филиповиќ, Мирна Медаковиќ-Степинац и Жарко Димитриоски. Научните аргументи, пак, ќе ги застапуваат д-р Натко Бек, прим. д-р Марина Поп-Лазарова, прим. д-р Ирена Бралиќ, д-р Горан Вукомановиќ, прим. д-р Амра Јунузовиќ-Каљиќ и дипл. педагог Јелена Холцер.

Конференцијата е посветена на сите деликатни теми и важни предизвици со кои се соочуваат родителите денес и е достапна за сите заинтересирани од пошироката јавност.

12 ноември 2024 (вторник)

prva-regionalna-becutan-konferencija-vo-skopje-roditelstvoto-nekogash-i-denes-03.JPG

Линк за онлајн-вклучување:

Facebook-профил на Becutan од 11 до 16 часот на линкот ТУКА

Instagram-профил на Becutan од 13 до 16 часот на линот ТУКА

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg