Водич за Black Friday шопинг: Дали да купувате онлајн или во продавница – кои предности да ги искористите?

Празничната шопинг манија започнува и кај нас со Black Friday попустите - на што сè може да ги искористите и дали е подобро онлајн купувањето или во продавница во период кога има зделки кои вреди да се искористат?

vodich-za-black-friday-shoping-dali-da-kupuvate-onlajn-ili-vo-prodavnica-koi-prednosti-da-gi-iskoristite-01.jpg

Покрај многуте шопинг акции, најпопуларни се оние по повод Black Friday (Црн Петок), кои иако се посветени на еден ден, сепак траат подолг период во текот на ноември. 

Кај нас, речиси сите поголеми брендови и продавници имаат попусти за Black Friday, а повеќето од нив вреди да се искористат, но - што практикувате вие, онлајн или традиционално купување?

Постојат некои производи за кои не мора да се грижите дали ќе ги нарачате онлајн наместо во физичка продавница.

vodich-za-black-friday-shoping-dali-da-kupuvate-onlajn-ili-vo-prodavnica-koi-prednosti-da-gi-iskoristite-02.jpg

За нив може да се најдат многу рецензии на интернет и да бидете сигурни за изборот, да ги споредите со други и полесно да донесете одлука што ќе купите.

Дополнително, може да бирате брендови кои се веќе проверени, за кои слушате добри искуства од блиските, или едноставно, веќе претходно сте ги користеле, а сакате да ги обновите или да дополните залихи по поволна цена.

Но, понекогаш, јасно е дека е поедноставно да отидете во продавница, да разгледате, да пробате и да видите што најмногу ви одговара за веднаш да го земете.

Не постои универзално правило дали е подобро да се купува онлајн или во физичка продавница, секако, двете опции имаат свои предности и недостатоци, зависно вашите желби и потреби.

Предности на онлајн шопинг:

  • Не губите време во сообраќај и барање паркинг
  • Не се туркате во гужви и не чекате долги редови на каса, посебно во период кога има попусти и продавниците се преполни
  • Нарачувате од удобноста на домот/работното место/кафуле, плаќате со картичка и производот ви го доставуваат на врата
  • Понекогаш, некои акции и попусти се достапни само и ексклузивно онлајн, како на пример дел од IQOS понудите достапни на mk.iqos.com
  • Не мора да шетате по куп продавници и да споредувате цени, тоа може да го правите со неколку клика на Интернет пребарувач и да одберете најповолна опција

vodich-za-black-friday-shoping-dali-da-kupuvate-onlajn-ili-vo-prodavnica-koi-prednosti-da-gi-iskoristite-03.jpg

Но, вреди да се напомене дека во некои случаи, не мора да се одлучите само за еден начин, туку може да ги комбинирате онлајн и традиционалното купување.

Па така, може да направите онлајн истражување за неколку типови производи и модели помеѓу кои се мислите, да ги споредите, а потоа да отидете во продавница и да ги видите во живо, да ги пробате и да си го купите веднаш тоа за што ќе се одлучите.

Друга опција е да разгледате во продавница кој модел најмногу ви одговара, а да ги искористите онлајн попустите и да си ги нарачате и платите онлајн. 

Типови на производи кои може да искористите да ги купите онлајн на Black Friday попуст:

  • Мали апарати за домаќинство и бела техника
  • Мобилни и компјутерски уреди
  • Новогодишни декорации
  • IQOS уреди, со новата можност да се купува онлајн со опцијата за online payment

vodich-za-black-friday-shoping-dali-da-kupuvate-onlajn-ili-vo-prodavnica-koi-prednosti-da-gi-iskoristite-008.jpg

Промо.текст: mk.iqos.com / фото: depositphotos.com

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg