Хијалурон клучната состојка за влажност на кожата и спречување стареење

Последните години, хијалуронската киселина, покрај додаток во козметиката станува сѐ попопуларна и во светот на суплементите. Денес постои можност хијалуронот да се внесе и орално во форма на капсули, течност или прашок со вкус на јагода, портокал итн.  (што се меша со вода). Овој додадок има бројни придобивки за здравјето на кожата и зглобовите, за очите, за сврзното ткиво,  а сето тоа е потврдено со бројни научни истражувања.

hijaluron-kluchnata-sostojka-za-vlazhnost-na-kozhata-i-sprechuvanje-stareenje-02.JPG

Хијалуронската киселина е природен полимер во телото, присутен во кожата, сврзните ткива и синовијалната течност во зглобовите. Има способност да задржи голема количина на вода. Хијалуронот ја одржува хидратацијата на ткивата, ја зајакнува бариерата на кожата и помага во преносот на хранливите материи. Се смета дека над 50% од вкупната хијалуронска киселина во телото е лоцирана во кожата и е главна во одржување на здравјето и структурата на ткивото.

Нутриционистите во нашата земја го препорачуваат HYALURON 5 додаток на исхраната во прав со вкус на јагода, кој содржи хијалуронска киселина, колаген и витамин Ц и е наменет за подобрување на хидратацијата и одржување на влажноста и функцијата на ткивата во организмот (кожата, слузокожата, зглобовите, очите и др.). Се зема од производот 3 g. (една мерица) и се раствара во 200 мл.  ладна вода со интензивно мешање, еднаш на ден.   Научните студии покажуваат дека оралниот внес на хијалурон може значително да ја подобри состојбата на кожата и зглобовите. Хијалуронот има и антиинфламаторно дејство, особено при синовитис или воспаленија на зглобната обвивка.

hijaluron-kluchnata-sostojka-za-vlazhnost-na-kozhata-i-sprechuvanje-stareenje-01.JPG

Употребата на HYALURON 5 во исхраната одамна е тренд во некои земји како Јапонија, САД а нејзината ефикасност во светски рамки почнува да се потврдува. Ова е природна и безбедна супстанца без значајни несакани ефекти. Секое умерено внесување на хијалурон може да биде одлична алтернатива или додаток на секојдневната нега, особено ако имате предизвици со кожата или зглобовите. HYALURON 5 содржи колаген во прав, декстроза монохидрат, глукозамин сулфат, арома во прав (јагода), витамин Ц, хијалуронска киселина, магнезиум цитрат, прехрамбена боја (црвена Е124), засладувач-сукралоза.

Сепак, за секој суплемент што ќе решите да го внесете, пожелно е да се консултирате со лекар бидејќи постојат луѓе со специфични здравствени состојби за кои честопати земаат и одредени лекови за долгорочна употреба, што многупати прават контраиндикации со суплементите што се земаат на своја рака.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg