Becutan конференција за современо родителство – Искрени разговори за важни теми со познати личности од регионот

Во време кога социјалните медиуми креираат илузии за совршено родителство, новата конференција на Becutan, посветена на современите предизвици на родителите, отвора можност за искрени разговори за сложеноста и убавината на оваа важна животна улога.

becutasn-prva-regionalna-konferencija.jpg

Целта на првата регионална конференција на Becutan, на тема „Родителството некогаш и денес“, е да поттикне поддршка и разбирање за сите родители, нагласувајќи дека не постои совршен модел и дека родителството е исполнето со љубов, одговорност, компромиси и учење од грешките.

На конференцијата ќе присуствуваат и дискутираат одбрани лица од регионот, меѓу кои ќе има педијатри, психолози, но и познати личности од јавноста, кои имаат големо медиумско влијание кај пошироката публика.

Помеѓу многуте теми на кои ќе се зборува, ќе се обрне повеќе внимание на тоа како се менувал пристапот на родителството низ децениите, што е многу честа тема на разговор и во нашето секојдневие, кога правиме споредби меѓу времето кога ние растевме и нашите деца денес.

Но, тема на дискусија ќе биде и дали постои совршена мера за неизмерната родителска љубов при воспитување и дали сепак истата, не сакајќи, може да премине во разгаленост.

Сведоци сме на многу различни мислења во секојдневието, почнувајќи од најблиските членови на семејството кои секогаш упатуваат совети за правилно родителство, но и од стручните лица, наставниците, а дури и од инфлуенсерите – па, на чие мислење треба родителите да се потпрат за да не погрешат?

Факт е дека многу родители денес се збунети заради олеснетиот пристап до секакви информации, па се во дилема што е правилно, дали грешат и дали воопшто постои еден универзален правилен начин на одгледување на децата.

Но, уште нешто што е многу важно е дека мајките не се единствениот родител, а улогата на татковците е исто така многу важна во семејството и растењето на децата, па и самите тие поминуават низ емотивна трансформација во осознавањето на својата улога, иако некогаш средината можеби е неправедна валоразирајќи ја повеќе улогата на мајката.

На конференцијата, еден од панелите кој е насловен „Тато е херој“, ќе вклучува дебата токму на оваа тема, со звучни имиња од регионот, меѓу кои: Тарик Филиповиќ, актер и водител на квизот „Милионер“, Петар Бенчина, актер, познат по улогата на докторот во филмот „Тома“, и Сашко Коцев, актер. 

Низ панелот ќе ги води уште еден познат татко, Жарко Димитриоски, во улога на модератор.

Сите кои се заинтересирани да слушнат мислења од звучни имиња на оваа тема, ќе можат да го следат панелот во живо, со вклучување на Инстаграм профилот на Бекутан на 12 ноември 2024 година во 15 часот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg