Бесплатни семинари од СИТИ Колеџ во Лабораториум
- Детали
- среда, 06 ноември 2024
Со два бесплатни семинари од истакнати професори, СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ќе го организира отворениот ден на 11 ноември (понеделник) во Лабораториум од 12.00 до 16.00 часот. Семинарите ќе бидат на две теми, Гејмификација и Позитивна невропсихологија, а дополнително ќе се одржи и информативна сесија за академските програми и студии кои се нудат на СИТИ Колеџ.
„Гејмификација: Современ начин за ангажирање на вработените и клиентите“ е темата на еден од семинарите. Ќе го води Крис Лиасидис, вонреден професор на Катедрата за бизнис администрација и економија, а ќе адресира прашања како што е гејмификација, како функционира и каде може да се користи. Овој семинар ги демистифицира стратегиите што ги прифаќаат бизнисите и корпорациите во нивните напори да растат со користење на Gamification. Со анализа на механизмите и методологијата и со студија на случаи каде гејмификацијата е имплементирана, ќе одговори зошто Gamification може да се користи во секој бизнис, без разлика кои се целите.
Семинарот на д-р Калиопи Мегари на тема „Позитивна невропсихологија: Апликации во типични и клинички услови“ ќе се осврне на позитивната невропсихологија во невропсихолошките истражувања и практиката да го промовира когнитивното здравје преку различни стратегии. Д-р Калиопи Мегари е академски директор на постдипломските студии по клиничка психологија и клинички супервизор на Катедрата за психологија, на СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.
Се покануваат сите ученици и студенти кои се заинтересирани за бесплатно учество на Отворениот ден и кои сакаат дополнително да се информираат за академските програми и за можностите за студирање на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, да го пријават своето учество на линкот.