Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација?

Хиперпигментацијата е честопати предизвикана од оштетување од сонцето, хормонални промени или воспаление на кожата. За еден ваков предизвик, важно е да се најде производ специјално дизајниран за таргетирање и намалување на оваа појава, а при тоа да нуди клинички докажано решение кое помага за враќање на рамномерноста на тенот.

shto-preporachuvaat-dermatolozite-kako-efikasno-reshenie-protiv-pigmentacija-01.JPG

Новиот Eucerin Anti-Pigment гел за чистење на кожата таргетирано ги намалува темните дамки, особено кога се користи заедно со Anti-Pigment Dual Serum кој ја содржи патентираната состојка Тиамидол. Овој гел ги осветлува пигмантираните делови,прави ексфолијација за зголемен сјај и е богат со 2% АХА киселини како млечна киселина и гликолна киселина. Овие моќни состојки ги отстрануваат мртвите клетки, ја обновуваат кожата, по што станува многу посветла.

shto-preporachuvaat-dermatolozite-kako-efikasno-reshenie-protiv-pigmentacija-02.JPG

Третманите за хиперпигментација понекогаш може да предизвикаат сушење, но со Eucerin Anti-Pigment гелот за чистење ова не се случува бидејќи  се одржува природната рамнотежа и кожата е мазна и хидрирана. Добро е кога се користи како прв чекор да се подготви кожата за апсорпција на следниот третман доколку се користи рутина за нега против овој предизвик.

shto-preporachuvaat-dermatolozite-kako-efikasno-reshenie-protiv-pigmentacija-03.JPG

Клучните придобивки од овој производ се многубројни, ќе одвоиме само неколку најважни:

  • Инстантен и природен сјај уште при првата употреба
  • Подобрена текстура, обновена кожа, изедначен и измазнет тен
  • Клинички тестиран и нежен за најчуствителната кожа што го прави безбедно секојдневно решение за предизвиците со пигментација

shto-preporachuvaat-dermatolozite-kako-efikasno-reshenie-protiv-pigmentacija-04.JPG

Овој гел е препорачан од дерматолози бидејќи студиите ја потврдуваат неговата ефикасност во намалување на хиперпигментацијата. Погоден е за сите тонови на кожа и е толерантно решение за секојдневна употреба.

Најдобро е потоа да се комбинира со Еуцерин Antipigment Dual Serum и хидратантна крема за целосен режим. Со постојана употреба овој гел  ќе ги избледнее и најтврдокорните пеги и дамки.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg