Со Златен Даб наздравуваме за машкото здравје!

01.11.2024, Скопје – Годинава Прилепска Пиварница со брендот Златен Даб повторно се приклучува кон глобалното движење „Мовембер“, преку кампањата „На здравје, за машкото здравје“. Целта на кампањата е подигање на свеста за редовна и навремена грижа за машкото здравје.

so-zlaten-dab-nazdravuvame-za-mashkoto-zdravje-1-01.jpg

Кампањата ги поттикнува мажите да се приклучат кон познатата кауза растејќи мустаќи како симбол на машкоста и да се едуцираат за начините на самопрегледување и рана детекција на болести кај машката популација. Со секој купен Златен Даб консументите се приклучуваат кон иницијативата на Прилепска Пиварница за донација што ќе биде наменета за набавка на медицинскa опрема за потребите на Одделот за урологија во Општата болница во Прилеп, во износ од 600.000 денари.

– Веќе неколку години по ред гордо го следиме континуитетот во градењето на општествената одговорност преку нашиот бренд „Златен Даб“, преку истакнување на важноста за водење поголема грижа за машкото здравје. Преку нашата кампања „Мовембер“ апелираме за поголема свесност кај мажите за вршење редовни прегледи и рана детекција на евентуални заболувања што навремено можат да се надминат. Кампањата ја спроведуваме во месец ноември во рамките на глобалните иницијативи за грижа за машкото здравје под името „Мовембер“, а кои имаат за цел едукација,  навремено информирање и свесност за вршење на потребните лекарски прегледи. Преку донацијата за Одделот за урологија во Општата болница во Прилеп, ние им даваме поддршка и на здравствените институции, кои е неопходно да бидат функционални и во целосен сервис за да имаме што помалку заболувања и што поздраво население – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.

Прилепска Пиварница како дел од ова глобално движење поставува позитивен пример за активизам и солидарност, ја подигнува свесноста за машкото здравје и апелира за редовна посета на лекар поради превенција од болести.

Ги повикуваме сите пивски ентузијасти и поддржувачи на движењето „Мовембер“ да се приклучат кон акцијата и да наздрават за машкото здравје! 

За повеќе информации посетете ја страницата www.zlatendab.mk/movember/

На здравје!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg