Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата
- Детали
- четврток, 31 октомври 2024
На 31 октомври, Меѓународниот ден на штедењето, Халкбанк го заокружува месецот посветен на финансиска едукација на најмладите и поттикнување детско штедење.
Во фокусот на годинашните активности беше едукативната друштвена игра „Мистериите на Ѕвездалија“, која има цел да ги развие логичките, математичките и стратешките вештини на децата преку забава и дружење. Во текот на октомври, месецот на штедењето, Халкбанк организираше едукација преку забава во десетина основни училишта низ Македонија, при што над 500 деца учеа за важноста на штедењето и на отворено ја играа играта „Мистериите на Ѕвездалија“.
Во текот на месецот октомври во 4 училишта низ земјата се промовираа принципите на штедењето и одговорното управување со финансиски средства преку оваа интерактивна игра. Со примена на иновативен пристап, децата учат за важноста на штедењето на креативен и забавен начин, играјќи со своите врсници и семејства.
„Големо задоволство е да се видат насмеаните детски лица, а особено радува фактот што бројот на отворени детски штедни книшки расте секоја година. Со играта „Мистериите на Ѕвездалија“ сакаме штедењето да го направиме забавно и едукативно искуство за децата. Нашата цел е тие од најрана возраст да ги усвојат вредностите на штедење и одговорно управување со средства, и тоа на начин кој е забавен и интересен за нив“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
Во текот на месецот на штедењето, за секоја новоотворена детска штедна книшка, банката ја доделуваше на подарок играта „Мистериите на Ѕвездалија“.
Оваа иницијатива е дел од долгорочната посветеност на Халкбанк и нивниот симбол на детското штедење - слончето Халки, да ги поддржуваат младите генерации преку активности што ги мотивираат да ги развијат своите вештини и добри финансиски навики. На овој начин, банката продолжува да вложува во општествено одговорни проекти кои позитивно влијаат на заедницата. Во рамки на овие активности, досега се одржани над 100 работилници низ Македонија, со учество на илјадници деца кои добија можност да учат и да ги развиваат своите вештини преку интерактивни и забавни содржини.
Халкбанк АД Скопје е една од најбрзорастечките банки во Македонија, со силна визија за поддршка на општеството преку иницијативи кои се фокусираат на едукација, еколошка свест, зачувување на културните вредности и спортски активности.