„Имав среќа ова да биде мојот дом“: Ѕирнете во домот на Вања Штркова, уметница

Компактност, шареноликост, силен индивидуален израз – ова се зборовите што најдобро го опишуваат домот, но и дизајните на Вања Штркова, македонска графичка дизајнерка и уметница што живее и работи во Скопје.

imav-srekja-ova-da-bide-mojot-dom-dzirnete-vo-domot-na-vanja-shtrkova-umetnica-01.JPG

Таа нам ни ги отвори вратите на нејзиниот дом и во исклучително пријатна атмосфера ни откри кое е нејзиното омилено парче уметност, каде обично гравитираат нејзините гости и во кој дел од нејзиниот дом се чувствува најдобро.

imav-srekja-ova-da-bide-mojot-dom-dzirnete-vo-domot-na-vanja-shtrkova-umetnica-04.JPG

„Кога дознав дека мој пријател ќе се сели, не се помислив ни две минути пред да донесам одлука“, вели Вања за нејзиниот дом, поддржан со станбениот кредит на Халкбанк.

imav-srekja-ova-da-bide-mojot-dom-dzirnete-vo-domot-na-vanja-shtrkova-umetnica-3.JPG

imav-srekja-ova-da-bide-mojot-dom-dzirnete-vo-domot-na-vanja-shtrkova-umetnica-02.JPG

Како и во нејзините дела и во секојдневниот живот, светлината и енергијата играат клучна улога, а самиот мебел и елементите се комбинација на нови и наследени парчиња. Такво парче мебел е трпезариската маса, која, како што вели таа, повеќе ја користи за цртање, дизајнирање и сместување гости отколку за готвење и јадење.

imav-srekja-ova-da-bide-mojot-dom-dzirnete-vo-domot-na-vanja-shtrkova-umetnica-05.JPG

Целото видео во кое Вања детално го раскажува процесот на адаптирање на еден стан во топол простор, кој сега таа го нарекува дом, погледнете го тука.

Повеќе информации за станбениот кредит на Халкбанк може да најдете на следниот линк или, пак, преку контакт со банката и нејзините филијали.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg