Нова Академија за готвачи МиКаса: Вратата кон вашата кариера во високата кујна
- Детали
- четврток, 31 октомври 2024
Ако сте љубители на кулинарството и сте подготвени да ја претворите вашата страст во професија, новоотворената Академија за готвачи МиКаса е вистинската можност за вас!
Оваа академија е прва од ваков вид кај нас, нудејќи високо квалитетна обука и практична настава за сите што сакаат да станат професионални готвачи.
Зошто да ја изберете Академијата за готвачи МиКаса?
1. Еминентни професори и врвни шефови
Нашите студенти ќе имаат уникатна можност да учат директно од професионалци со богато искуство, како главниот шеф на ресторан, Хабип Сивип, кој ќе го води стек хаус модулот.
Со него, но и со останатите предавачи, ќе можете да ги совладате сите тајни на гурманската кујна.
2. Современа опрема и простор
Во академијата се користи најмодерна опрема и инвентар, обезбедувајќи вистинско практично искуство кое ќе ве подготви за работа во високиот угостителски сектор.
3. Фокус на практична обука
Од самиот почеток, нашите програми се креирани така што студентите ќе имаат можност да ги применат научените техники преку практична работа.
Вежбите се одвиваат во професионална кујна и нудат реални сценарија со кои се соочуваат најдобрите готвачи во светот.
4. Брз старт за вашата кариера
По успешното завршување на обуката, лицата кои ќе го завршат курсот ќе имаат одлични можности за вработување, како во врвните ресторани и хотели, така и во локалната и интернационалната гастрономија.
Запишете се и инвестирајте во својата иднина!
Повеќе од обична академија, Академијата за готвачи МиКаса е влез во светот на високата кујна и престижните кулинарски вештини.
Не пропуштајте ја шансата да станете дел од првата генерација на професионални готвачи на Академијата за готвачи МиКаса.
Пријавувањето е отворено за сите заинтересирани!
За повеќе информации и начинот на запишување, контактирајте не на:
- Телефон: 078/272838
- Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.