Magniflex ја прослави 10-годишнината на македонскиот пазар – Декада на квалитетен сон и врвен комфорт

Magniflex, светски познатиот италијански бренд за иновативни и квалитетни решенија за спиење, го одбележа својот значаен јубилеј – 10 години присуство на македонскиот пазар. Настанот се одржа во пријатната атмосфера на ресторанот Бела Виста, каде што публиката уживаше во италијанската музика на познатиот Павле Камилоски, кој ја долови автентичната магија на италијанскиот стил.

IMG_7015.jpg

Во текот на изминатата деценија, Magniflex успеа да се истакне како доверлив партнер на илјадници македонски потрошувачи, нудејќи им врвна удобност и квалитет на сон, инспирирани од италијанската традиција и изработени со најсовремени технологии. Од своето појавување на македонскиот пазар во 2013 година, Magniflex постојано ги воведува најновите иновации, поставувајќи нови стандарди за здрав и квалитетен сон.

Со уникатни патентирани технологии и природни, еколошки материјали, Magniflex создава производи кои обезбедуваат оптимална поддршка, правилна положба на телото и здрав сон. 

За Magniflex, квалитетниот сон претставува основа за здравјето и добросостојбата на своите корисници, а нивната мисија е постојано да ги задоволуваат и надминуваат очекувањата на македонскиот пазар.

Овој јубилеј е сведоштво за посветеноста на Magniflex кон квалитетот и грижата за клиентите. Со голема чест и благодарност, брендот продолжува да носи италијански комфорт и квалитет во домовите на своите лојални потрошувачи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg