Природна зелена ограда, за поубав животен простор!
- Детали
- петок, 25 октомври 2024
Без разлика дали живеете во куќа или зграда, доста важен детал во хортикултурното уредување на секој надворешен простор преставува природната зелена ограда. Покрај нејзините естетски карактеристики за разубавување на просторот, зелената ограда нуди и мноштво на други придобивки.
Експертите за хортикултурно уредување од Градинарскиот центар „Фоја“, споделуваат 10 причини зошто подигањето на природна зелена ограда е вистинската „интервенција“ во Вашиот надворешен простор.
1. Претставуваат природна бариера за оградување на простор
Во густо населените урбани средини оваа нивна придобивка особено доаѓа до израз, но и во излетничките места каде јасно, но сепак дискретно, без грди железни или дрвени огради, сакаме да го означиме нашиот простор, да го заштитиме од несакани упади на минувачи, возила и животни или едноставно од „непоканети гости“
2. Заштита од прашина и друго аерозагадување
Секоја доцна есен и зима мака мачиме со аерозагадувањето.
Од набавка на скапи прочистувачи на воздухот до секојдневно чистење со правосмукалки со ХЕПА филтри се обидуваме да го намалиме нивото на ПМ10 честички, прашина, микроорганизми и други штетни загадувачи во домот, а со тоа да го заштитиме нашето и здравјето на најблиските.
Сепак, природните зелени огради пред нашиот дом се оној прв филтер на кој треба да обрнеме внимание и на кој треба да му се посветиме со цел да го намалиме аерозагадувањето во домот.
3. Произведуваат чист воздух во просторот
Густите листови од природните зелени ѕидови не само што ја задржуваат прашината и не дозволуваат нејзин проток до нашите домови, тие преставуваат и мали фабрики за кислород произведувајќи и внесувајќи чист воздух во нашиот простор за живеење и рекреација, но и пошироко во средината во која живееме.
4. Ја намалуваат бучавата
Доколку вашиот дом е позициониран непосредно до улица или друго прометно место и сакате да ја намалите бучавата од возила и луѓе, високата и густа природна зелена ограда е решението за намалување на несаканите звуци.
Ѕид од густо насадени садници по самата линија со улицата или патот ќе претставува звучна бариера која ќе донесе мир и спокој во вашиот дом.
5. Создава совршена приватност во вашата градина и домот
Густата зелена ограда исто така преставува и филтер од несакани погледи во вашата градина и домот.
Семејното уживање како и дружбата со пријателите во градината и домот можете да ги поминувате во совршена приватност, заштитени од погледите на соседите или минувачите, без подигнување на високи бетонски ѕидови, ниту пак со железни и скапи огради.
6. Се обележуваат границите во градината и формираат бордури
Доколку сакате физички и визуелно да одвоите одреден простор во самата градина, тоа можете да го направите преку подигање на природен зелен ѕид од садници како што се Thuja plicata или Cupressus Leylandii, насадени во линија.
Овие компактни и густи зимзелени грмушки се одликуваат со брз раст и меѓудругото се исклучително корисни за формирање на зелени бордури во градината на пример од двете страна на патеката или покрај ѕид.
7. Претставуваат декоративен пејзажен елемент
Природните зелени огради се исклучително корисни доколку сакате да ја затскриете старата и ‘рѓосана ограда или пак едноставно да го оплемените надворешниот простор со бои и внесување малку свежина.
8. Корисни се за биодиверзитетот
За разлика од бетонските, железните и дрвените огради, природните зелени огради се исклучително корисни за биодиверзитетот, особено во урбаните средини каде има сè помалку зелени површини кои се важни за птиците, ежовите, пчелите, инсектите опрашувачи и другите наши животински сожители неопходни за балансот во природата и околината во која живееме.
Густите живи огради може да претставуваат засолништа, храна и живеалишта односно цел еден микро еко-свет за многу животински видови во текот на целата година, па така, преку подигање на природна зелена ограда во просторот давате свој придонес во грижата за природата и биодиверзитетот, а со тоа и поздрав живот за сите нас.
9. Лесни се за одржување и ја будат креативноста
Без разлика на тоа со кои садници ќе се одлучите да ја подигнете вашата зелена ограда, тие се лесни за одржување, не е потребно да сте експерт во хортикултура, туку едноставно да им посветите малку нега, љубов и внимание.
Дополнително, тие може да ја разбудат и Вашата креативност, па преку кроењето да им дадете уникатни форми преку кои би дале посебност и одвојување на вашиот простор од стереотипните и здодевни градини.
10. Го штитат Вашиот буџет
За разлика од ѕиданите и железни огради за кои е потребно голема инвестиција, во овие услови на криза, зелените огради не преставуваат така големо отпретување на вашиот буџет.
ФОЈА испорачува со курирска служба низ цела Македонија контактирајте на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
На ул. Борис Трајковски 152 А, Скопје ( на патот према нас. Пинтија )