Марјан Георгиевски ја започна големата турнеја „За македонските работи“

Еден од нашите најпознати актери и стенд-ап комичари, миленикот на публиката, Марјан Георгивски, ја почна својата голема турнеја низ Македонија, „За македонските работи“.

marjan-georgievski-ja-zapochna-golemata-turneja-za-makedonskite-raboti-01.jpg

Оваа турнеја носи наслов „За македонските работи” и досега се потврдени 15 градови, иако не се исклучува можноста бројката да се зголеми.

Марјан заедно со неговиот тим веќе подолго време се подготвува за уште едно патување низ нашата Македонија, каде публиката со нетрпение го очекува да ужива и да се смее на глас.

Стартот беше во Тетово, а помина и настапот во Струмица, каде што Марјан беше одлично пречекан од публиката.

marjan-georgievski-ja-zapochna-golemata-turneja-za-makedonskite-raboti-02.jpg

Инаку оваа турнеја е посебна за Марјан, а зошто? Ќе дознаете ако лично присуствувате на некое од неговите стенд-ап претставувања.

„Со нетрпение ги чекам сите средби со публиката. Јас сум подготвен како никогаш до сега. Можам да ветам дека публиката ќе ужива и ќе се смее од срце”. - накусо изјави Георгиевски.

Како што кажавме, турнејата е во тек, а по Тетово и Струмица, следни градови се: 26.10. Прилеп, 31.10. Куманово, 02.11. Штип, 06.11. Кавадарци, 19.11. Охрид, 09.11. Кичево, 17.11. Скопје, 20.11. Велес, 21.11. Гевгелија и 04.12. Битола.

Детали за тоа во кој град, каде ќе може да купите влезници ќе може да се информирате преку социјалните мрежи на Марјан, додека пак за Скопје, влезници ќе може да купите преку продажната мрежа на kupikarta.com.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg