Реномирани домашни и странски коуч експерти на Првата меѓународна коучинг конференција во Скопје

Коучинг конференцијата ќе се одржи на 6 и 7 ноември, а целта на настанот е да инспирира, едуцира и да го издигне коучингот како професија на највисоко ниво.

renomirani-domashni-i-stranski-kouch-eksperti-na-prvata-megjunarodna-kouching-konferencija-vo-skopje-01.JPG

Животот е процес, развојот е избор! Иднината на лидерството и организацискиот развој е системскиот коучинг, кој се фокусира на холистички пристапи, кои ги интегрираат емотивните, менталните и колективните аспекти на функционирање. Лидерството во 21 век е насочено кон развој на индивидуата со цел преку неа да влијае на развојот на системот. Покрај вештините за водење на процеси, потребни се и вештини за водење на луѓето кои се дел од процесот. Коучингот како методологија му е потребна на секој кој управува со процеси и луѓе и коучингот сам по себе поттикнува процес, додека коучот е лидер на процесот!

Во организација на Центарот за бизнис психологија „Системски НЛП – ЈИЕ“ и АД ВЕРБУМ Ивенти, на 6 и 7 ноември 2024 година во Скопје ќе се оддржи „Првата Меѓународна Коучинг Конференција“.

Коучинг конференцијата претставува настан, чија цел е да инспирира, едуцира и да го издигне коучингот како професија на највисоко ниво, а двата дена ќе бидат исполнети со богати содржини, едукативни презентации, инспиративни дискусии и секако забава и дружење. Конференцијата ќе собере професионални коучеви, инспиративни лидери и експерти од различни области на едно место, со цел да се истакне поврзаноста на лидерството и коучингот, да се приближат најновите трендови од областа на коучингот и преку вмрежувањето да поттикне трансформација. Настанот е наменет за бизнис професионалци од сите области, основачи на семејни бизниси, професионални коучи, терапевт и психолози, како и за сите индивидуалци кои сакаат да го збогаат своето знаење и да ја искусат моќта на коучингот.

renomirani-domashni-i-stranski-kouch-eksperti-na-prvata-megjunarodna-kouching-konferencija-vo-skopje-02.JPG

„Огромно е задоволството да се организира и овозможи конференција од ваков вид, која за првпат во државата им дава можност на сите поединци и заинтересирани корпоративни учесници да се фокусираат кон личниот развој, а воедно и да ги дознаат во живо придобивките од примената на коучингот. Експертизата и искуството на сите најавени спикери и автори е незаменливо, а истото е најголемата вредност со која ќе се здобијат сите учесници на претстојната конференција во Скопје,“ истакна Марина Анчевска, акредитиран меѓународен системски коуч и тренер со над 17 годишно искуство во земјата и низ светот. 

Анчевска, во рамките на настанот ќе ги промовира првите две стручни коучинг книги, за прв пат преведени на македонски јазик. „Системски коучинг и констелации“ од Џон Витингтон и „Системски коучинг“ од Јан Јакоб Стам и Биби Шројдер, истите ќе бидат достапни за продажба на самиот настан.

Во рамките на агендата од првиот ден за издвојување е интерактивното излагање во живо на Анил Томас, НЛП тренер, коуч и гешталт практичар кој доаѓа од Индија, Патриција Конлон, извршен коуч од Ирска, како и онлајн интервјуто во живо со Џон Витингтон, чија книга „Системски коучинг и консталации“ е една од книгите која ќе биде промовирана на настанот. Покрај тоа, настанот ќе биде збогатен и со богата панел дискусија во која ќе се вклучат претставници од бизнис сферата во државата.

renomirani-domashni-i-stranski-kouch-eksperti-na-prvata-megjunarodna-kouching-konferencija-vo-skopje-03.JPG

Вториот ден е наменет за три интерактивни коучинг работилници со реномирани коучинг експерти кои имаат за цел кај секој од учесниците да поттикнат прашања, да ја прошират нивната рамка на размислување, да им овозможат нови увиди за тоа како поедноставно да се водат себе си, нивната работа, семејството, тимот или организацијата.

Цената на билетот за присуство на Првата меѓународна коучинг конференција, изнесува 120 евра за првиот ден. Вториот ден е наменет за ексклузивни интерактивни работилници кои ќе бидат достапни за помал број на учесници со доплата од 60 евра.

Сите детали за настанот како и можноста за пријавување и купување на билети се достапни на официјалната веб-страница на конференцијата. Бројот на билети и учесници ќе биде лимитиран.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg