Играј со најдобрите: Видеолотарија со донација од 2 милиони, изгради детско игралиште во општина Кисела Вода

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија со донација од 2.269.864 денари,  го стави во функција 18 игралиште. Станува збор за детско инклузивно игралиште во Општина Кисела Вода.

igraj-so-najdobrite-videolotarija-so-donacija-od-2-milioni-izgradi-detsko-igralishte-vo-opshtina-kisela-voda-01.jpg

Децата го заслужуваат најдоброто. Тоа е нашиот предизвик како општествено одговорна компанија, унапредување и развој на заедницата, примарно создавајќи најдобри услови за најмладите. По 17 игралишта во изминатите 10 години,  ја дополнуваме оваа бројка со нови.

Со особена чест и задоволство со јавноста споделуваме дека овозможивме функционалност на уште едно игралиште на кое ќе има детскиот џагор и смеа. Со донација од 2.269.864 денари, Видеолотарија Касинос Австрија придонесува за  нов изглед на ова детско катче. Инклузивното игралиште кое од денес ќе биде во функција е безбедно за сите дечиња.

Игралиштето има гумиран под на кој се поставени реквизити, комплетно безбедни за сите деца, а околу игралиштето е поставена ограда. Игралиштето овозможува пристап и можности за забавување и на дечињата со попреченост, со што се овозможува инклузивност. Нашата цел е сите деца да добијат еднаква шанса за забавување и безгрижни детски денови.

igraj-so-najdobrite-videolotarija-so-donacija-od-2-milioni-izgradi-detsko-igralishte-vo-opshtina-kisela-voda-02.jpg

„Сакам да изразам благодарност до Државна видеолотарија Касинос Австрија, која веруваме ќе биде добар пример и за други општествено одговорни компании. Денес благодарение на нивната донација,  се овозможи од една руинирана локација, ова место да прерасне во модерно катче за непречена детска забава и игра и тоа, во центарот на Кисела Вода, изјави градоначланикот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Како модерна и одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина, ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за забава,спорт и рекреација на најмладите низ Македонија.

Нашата идеја е да придонесеме кон развивањето на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики низ забава и игра. Затоа остануваме посветени во креирањето на инфраструктура со цел да може да им се обезбеди безгрижно детство на нашите деца. Нашата компанија со буџет од 45.500.000 денари обезбеди функционалност на 18 игралишта низ Македонија. До крајот на 2024 очекуваме да биде завршено и 19 игралиште. Станува збор за мултифункционално спортско игралиште во општина Кисела Вода.

#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg