Мистична филмска кулиса и уметничка инспирација: Патување низ Западна Србија преку 7 атракции

Како изгледа кога на едно место се наоѓа недопрена природа, врвна гастрономија направена од домашни намирници, љубезни домаќини кои едвај чекаат да ве пречекаат со раширени раце и со клековача да ви ја раскажат приказната за крајот во кој живеат, а сето тоа е обвиткано во мистиката која многу уметници инспирирала за светски познати дела?

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-01.jpg

Единствениот начин да дознаете е да се одлучите за одмор од градската гужва и да се упатите на границата помеѓу Србија и Босна и Херцеговина, на планините Златибор и Тара, покрај текот на реката Дрина и во непрегледните зелени 'ртови на Мокра Гора. Во неколку дена ќе доживеете возбудување кое се зголемува на секоја нова дестинација која ќе ја посетите!

Во продолжение ви донесуваме 7 атрактивни локации кои не смеете да ги пропуштите, но кои никако не се сè што западна Србија нуди. Додека ги обиколувате, сигурно ќе откриете и други места кои ќе ви се допаднат и засекогаш ќе останат во сеќавање. 

Да тргнеме на пат!

Златибор

Автопатот Милош Велики го скрати патот од Белград до Златибор, преку Чачак и Ужице, на приближно 3 часа возење. Така можете да стигнете до популарното планинско одморалиште побрзо од кога било!

До крајот на 19. век, околината на Златибор, која денес е модерно населено место и туристички центар на истоимената планина, била составена од пасишта и ливади на кои жителите на околните села ја паселе својата стока. Првите хотели во Златибор биле изградени на почетокот на 20. век, а денес се градат современи апартмански населби, спа-центри и луксузни вили. Во населбата постои осумгодишно основно училиште, градинка, храм, библиотека, Културен центар со галерија и сала која служи како кино и театар, пошта, амбуланта, банки...

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-03_copy.JPGфото: © Matej Čepl

Покрај различните форми на сместување, Златибор е богат со тематски забавни паркови, кафе ресторани, па заедно со планината, чиј туристички центар претставува една од најпосетените туристички дестинации во Србија.

Можеби и најпознатата атракција на Златибор е панорамската Gold гондола, една од најдолгите во светот (9 километри), која го поврзува градот со врвот Торник. Возењето со гондола е совршен начин за запознавање со специфичниот пејзаж на Златибор, бидејќи поминува преку најубавите планински предели, како и преку Рибничкото Езеро – познато излетничко место за домаќини и гости.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-02_copy.JPGфото: © Matej Čepl

Седнете во гондолата, опуштете се и уживајте во призорите кои потсетуваат на прериите од американските филмови, додека од земјата ве поздравуваат коњи и крави на пасење, некој поток и борови по кои планината го добила името.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-04.JPGфото: © Matej Čepl

Стопиќа Пештера

На нешто повеќе од половина час од Златибор се наоѓа природен феномен кој не смее да се пропушти! Со кратко спуштање од патот ќе стигнете до уредениот влез во пештерата, која го носи името според блиското село Стопиќа.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-06_copy.JPGфото: © Matej Čepl

Станува збор за една од најдостапните спелеолошки локалитети во Србија, со отвор со висина од 18 метри и ширина помеѓу 30 и 40 метри. За пештерата постојат бројни локални легенди кои домаќините со задоволство ќе ви ги раскажат, додека ве водат низ просторот со посебни природни карактеристики, од кои најпрепознатливи се големите базени, кои се најатрактивни кога се наполни со вода што прелива во посебен визуелен спектакл.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-07.JPGфото: © Matej Čepl

Целата пештера е атрактивно осветлена, па шетањето низ неа е вистинско уживање. За секој случај, облечете се топло, без разлика во кое време од годината доаѓате.

Пештерата е разгранет тип и се состои од пет спелеоморфолошки целини: Светла сала, Темна сала, Сала со када, Канал со када, кои се уредени за туристички обиколки, и Речен канал, кој сè уште не е отворен за јавноста.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-08_copy.JPGфото: © Matej Čepl

Етно село Сирогојно

Посебно доживување е уште еден ближен локалитет, на кој ќе се запознаете со животот на жителите на Златибор во некои стари времиња. Имено, во селото Сирогојно се наоѓа единствениот српски музеј на отворено – наречен Старо село.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-09.JPGфото: © Matej Čepl

На локација од 5 хектари транспортирани се стари дрвени куќички од сите делови на Златибор, каде што се негуваат и чуваат за да сведочат за животите какви што некогаш се живееле.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-10_copy.JPGфото: © Matej Čepl

Љубезните домаќини ќе ве водат низ музејот и ќе ви ја објаснат намената на сите дрвени куќички, раскажувајќи ви истовремено за деталите од животот на селаните кои сè уште неодамна живееле во селски и семејни заедници – задруги, кои можеле да бројаат и до 50 членови.

Музејот се состои од две целини. Првата е група на куќи кои ја задржале својата првобитна форма и намена, и тие сочинуваат постојана музејска поставка, формирана во две златиборски дворишта.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-11.JPGфото: © Matej Čepl

Втората група се куќи кои исто така ја задржале својата првобитна форма, но им е променета намената, адаптирани се на туристичките потреби. Тоа се сала, продавница за сувенири, крчма, апартмански згради...

Програмата на музејот вклучува и зачувување на старите занаети, па во три опремени работилници за време на летото се организира обука во рибарските, ковачките и грнчарските вештини.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-12.JPGфото: © Matej Čepl

Национален парк Тара

„Златиборе, питај Тара, дали памти љубав стара“. Така оди познатата песна, а навистина би било штета да не го посетите Националниот парк Тара, сместен на планината Тара која се наоѓа северозападно од Златибор.

Недопрена природа, богати шуми, пространи ливади, длабоки клисури и кристално чисти реки, водопади… сè тоа се обележја на оваа прекрасна планина. Тука е и спектакуларниот кањон на реката Дрина, како и неколку видиковци, од кои најистакнати се Банска Стена и Зеленика, кои нудат прекрасен поглед на кањонот и околината на планината.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-16.JPGфото: © Matej Čepl

Никако не пропуштајте да го видите најпознатата атракција на градот Бајина башта – Куќичката на карпата (позната и како куќичка на Дрина) која по појавувањето во National Geographic стана глобално препознатлива. Станува збор за дрвена куќичка на карпата на сред речниот тек, поставена од локални љубители на реката. Од првото поставување во далечната 1968. година, ја користеле бројни генерации момчиња и девојки, а вреди да се спомене дека неколкупати била однесена од Дрина поради високиот водостој, но локалното население секојпат поставило нова, продолжувајќи ја важната традиција на Тара и Бајина башта.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-18.JPGфото: © Matej Čepl

Ако ве интересира религиозната и културната историја на Тара, задолжително посетете го средновековниот манастир Рача. За одмор покрај водата и добар провод тука е езерото Перучац, сместено 13 километри од Бајина Башта, на кое се наоѓаат неколку ресторани и кафулиња.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-21.JPGфото: © Matej Čepl

Шарганска осмица

Близината на Тара и Мокра Гора овозможува при една посета на овој дел од Србија, да го обогатите вашето искуство со прекрасно возење со воз низ планините и долгите тунели, со поглед на долините во кои се наоѓаат селата, црквички и бројни други тајни кои ги кријат мистичните зелени ридови.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-25_copy.JPGфото: © Matej Čepl

Бидејќи пругата е направена така што изгледа како бројот 8, возот носи име Шарганска осмица. За време на возењето ќе наидете на бројни интересни изненадувања, како што е станицата Луди камен, на која можете да ја овековечите вашата врска со саканата личност, а можете да ја прекинете само со повторно доаѓање и возење со воз, како и станицата Јатара на која никогаш не е продадена ниедна карта.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-26.JPGфото: © Matej Čepl

Тука е и станицата направена за снимање на филмот на Емир Кустурица „Животот е чудо“, во кој може да се види и популарниот воз. Некогаш патниците од почетната станица Мокра Гора, па до последната Шарган Витаси, ги превезувал легендарниот воз Чиро. Порано оваа железница ја поврзувала внатрешноста со Јадранското Море, а нејзиниот дел денес е неизбежна атракција за сите посетители на западна Србија.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-27.JPGфото: © Matej Čepl

Дрвенград

Со веќе споменатиот филм „Животот е чудо“ тесно е поврзана уште една атрактивна дестинација во Мокра Гора, поточно на ридот Меќавник. Етно селото Дрвенград го изградил режисерот Емир Кустурица со цел за снимање на филмот, но по завршувањето на проектот одлучил да остане да живее во него и да го понуди на посетителите за користење и уживање.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-28.JPGфото: © Matej Čepl

Во комплексот влегувате преку градските врати, а внатре ве чекаат 13 улици, 2 плоштади, кино, црква, пазар и сè друго што мал град треба да има за пријатен престој на гостите. Улиците и плоштадите носат имиња на познати личности од светот на литературата, филмот и спортот како Иво Андриќ, Федерико Фелини, Александар Тарковски, Марадона и Новак Ѓоковиќ – сите великани кои имале големо влијание на Кустурица.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-29.JPGфото: © Matej Čepl

Додека шетате низ улиците со дрвени куќички, малку се искачувајќи, па малку спуштајќи, со поглед на непрегледните зелени гори на кои се наредени куќички и црквички, ќе имате чувство дека сте дел од некој филм за некои помирни, древни времиња. Посебна атракција е филмскиот фестивал „Кустендорф“ кој се одржува во Дрвенград секоја година во јануари, кога доаѓаат бројни гости од светот на филмската уметност.

Фестивалот нема црвен тепих ни други типични холивудски обележја, туку фокусот е на запознавање, комуникација и пријатно друштво. Исто така, во Дрвенград ќе можете да пиете домашна ракија и други домашни пијалаци и производи.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-30.JPGфото: © Matej Čepl

Увачко Езеро

Едно од најпознатите езера во Србија се наоѓа на западот на земјата. Увачко Езеро го нарекуваат и Сјеничко, поради близината на градот Сјеница, а станува збор за 27 километри долго вештачко езеро чија пловидба е вистински спектакл за сите сетила.

Езеро е создадено со изградба на најголемата земјена брана во Србија, со големина од 110 метри. Увачко Езеро е прво во низата езера изградени на реката Увац за потребите на производство на електрична енергија. Водата од ова езеро тече во Златарското Езеро, второ во низата, а од Златарското во последното, Радојнско Езеро.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-33.JPGфото: © Matej Čepl

Сите три езера се популарни излетнички места кои ги посетуваат бројни туристи поради возењето со чамци, капење, риболов, шетање... Пловејќи низ мирните меандри на Увачкото Езеро, ќе видите бројни единки на кралот на небесните висини – белоглавиот мршојадец – бидејќи околу езерото се наоѓа најголемата колонија на оваа птица на Балканот.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-38.JPGфото: © Matej Čepl

Ако стигнете и имате доволно кондиција, задолжително искачете се или возете до еден од видиковците, на пример до Молитва, од каде што се пружа фасцинантен поглед на меандрите низ кои минува водата на моќното езеро. Ако сте одлучиле да се возите по езерото, задолжително излезете во Ледената Пештера каде температурата секогаш е 8 степени Целзиусови, а каде природата создала необични глетки кои секој ќе ги види на свој начин.

mistichna-filmska-kulisa-i-umetnichka-inspiracija-patuvanje-niz-zapadna-srbija-preku-7-atrakcii-34.JPGфото: © Matej Čepl

Со ова завршува нашето патување низ западна Србија. На следното патување сигурно ќе најдеме бројни интересни места кои овој пат ги пропуштивме, што е сигурно најголем мотив за нова посета на оваа мистична и моќна област каде доминира силата на природата, уметноста и единствениот дух на љубезните домаќини!

автор: Туристичка организација на Србија 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg