Off-road ритамот на џезот на интимна средба со возбудливиот Defender

Во чест на смелата синергија со 43-от Скопски џез фестивал, на денот на отворањето беше изложен Defender 110, наменски избран за оваа пригода, подготвен да го „зграпчи невозможното“ и да одговори на сензибилитетот на посетителите.

off-road-ritamot-na-dzhezot-na-intimna-sredba-so-vozbudliviot-defender-01.JPG

Жесток, мускулест, црн со големи сјајни тркала, како контратежа на бруталистичките линии на објектот, Defender во живо креира неповторливо искуство. Во внатрешноста со темна премиум кожа, со панорамски покрив, и иновативен систем за звук Meridian што севкупно совршено одговара за преслушување на секоја фуриозна џез импровизација.

Авантурата, слободата и истражувањето го дефинираат Defender и карактерот на неговите почитувачи, а воедно и вљубениците во џезот, публика со истенчен музички вкус, која бара бегство од конвенционалното.

off-road-ritamot-na-dzhezot-na-intimna-sredba-so-vozbudliviot-defender-02.JPG

Комплетно во линија со модерниот луксуз и тежнеењето кон создавање доживувања кои допираат до немирниот дух на овие несопирливи ентузијасти, поврзувањето со џезот донесе импресивно доживување.

Единствена можност да нурнат во светот на авантуристичката британска марка и во ритамот на џезот имаа сопствениците и пријателите на Defender и Аутомобили Гроуп, ден пред официјалниот почеток на Скопскиот џез фестивал.

Настанот се одржа во меката на скопскиот модерен џез, кафулето Филхармонија, каде гостите можеа да уживаат во уникатното искуство за сите сетила.

off-road-ritamot-na-dzhezot-na-intimna-sredba-so-vozbudliviot-defender-03.JPG

За музичкиот перформанс беше задолжен еминентниот мултимедијален музичар Џијан Емин со The New Jazz Messengers. Секогаш трудејќи се да наметне нова звучна естетика, се претстави со авторска џез музика, носејќи ги присутните на вонсериско емотивно музичко патување.

off-road-ritamot-na-dzhezot-na-intimna-sredba-so-vozbudliviot-defender-04.JPG

Исклучителното кулинарско доживување само ја надополни оваа магична џез приказна. Свежи локални производи, врвно подготвени според најдобрите рецепти од светската кујна, беа послужени на уникатен начин во комбинација со најквалитетните вина на овие простори, за да комплетираат оптимални услови за размена на автентични искуства на присутните со нивниот Defender длабоко во ноќта. 

Дознајте повеќе за Defender на линкот

off-road-ritamot-na-dzhezot-na-intimna-sredba-so-vozbudliviot-defender-05.JPG

off-road-ritamot-na-dzhezot-na-intimna-sredba-so-vozbudliviot-defender-06.JPG

off-road-ritamot-na-dzhezot-na-intimna-sredba-so-vozbudliviot-defender-07.JPG

off-road-ritamot-na-dzhezot-na-intimna-sredba-so-vozbudliviot-defender-08.JPG

off-road-ritamot-na-dzhezot-na-intimna-sredba-so-vozbudliviot-defender-09.JPG

off-road-ritamot-na-dzhezot-na-intimna-sredba-so-vozbudliviot-defender-10.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg