СинтЕЗа: Мултимедијален настан на Халкбанк кој ќе ги обедини младите умови и уметници од седум факултети

Халкбанк го најавува СинтЕЗа – иновативен мултимедијален настан на кој младите од седум факултети преку уметност, технологија и наука ќе ги претстават визиите за слободата и за нивната улога во современото општество.

sinteza-multimedijalen-nastan-na-halkbank-koj-kje-gi-obedini-mladite-umovi-i-umetnici-od-sedum-fakulteti-01.jpg

СинтЕЗа ќе се одржи идниот петок (25 октомври) во Јавна соба во Скопје, каде целиот простор ќе биде претворен во платформа за изложби, музички перформанси, проекции и театарски претстави. На настанот ќе учествуваат студенти од факултетите за ликовна, музичка и драмска и балетска уметност, како и од архитектонски, машински, шумарски факултет и од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

„Со СинтЕЗа отвораме простор младите да ја презентираат својата креативност и слободно да ги изразат своите идеи преку спој на уметност и технологија. Веруваме дека оваа платформа ќе поттикне нови начини на размислување и креирање во различни области и ќе ги охрабри младите да го заземат своето место како двигатели на позитивните промени во општеството. Халкбанк секогаш иницира и поддржува проекти кои на автентичен начин ги стимулираат младите да бидат креативни, иновативни, гласни и свои“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Една од клучните цели на СинтЕЗа е да покаже дека младите се способни да ја преобликуваат реалноста во која живеат, да се адаптираат на современите технолошки трендови и да влијаат на иднината. Со овој настан, Халкбанк им отвора простор за дијалог и соработка на младите уметници, инженери и научници, создавајќи синтеза од нивните креативни идеи и технологии кои ќе бидат претставени пред јавноста.

На овој настан Халкбанк како двигател на иновациите, промените, модерните услуги, се претставува со пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy) кој е создаден да одговара на секојдневните потреби на младите луѓе, студентите, средношколците, младите претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Пакетот нуди беспплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.

Како дел од оваа иницијатива, Халкбанк ќе поттикнува и финансиска едукација на младите, присуство на културни и забавни настани, како и општествено-одговорни практики за заштита на животната средина.

Мултимедијалниот настан СинтЕЗа е од отворен карактер, а влезот е слободен за сите посетители.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg