Со концептот за намалување на штети во борба проив чадот од тутунот

Денеска во светот има повеќе од една милијарда пушачи и статистиката покажува дека секој шести човек пуши. Сите релевантни податоци покажуваат дека пушењето е еден од главните ризик фактори за развој на најраспространетите заболувања, кои што се поврзани со смртност во развиените земји, а тоа се кардиоваскуларните болести и карциномот. 

so-konceptot-za-namaluvanje-na-shteti-vo-borba-proiv-chadot-od-tutunot-01.jpg

Целосното откажување од пушење е најдобрата опција, но и покрај свесноста за штетното влијание што оваа лоша навика го има врз здравјето на пушачите и нивната околина, голем број луѓе сѐ уште не можат да се откажат од цигарите од различни причини.

Во такви случаи, можно е да се примени концептот за намалување на штети. Пушачите треба да знаат дека постои и друг начин за да престанат со консумирањето на класични цигари, или барем да ги намалат здравствените ризици на кои се изложени. Се работи за концепт што се залага за премин на помалку штетни алтернативни производи без чад за пушачите кои не се подготвени или не сакаат целосно да ги остават тутунот и никотинот. Со користење на тутунски производи што го загреваат тутунот, пушачите можат да ја задоволат својата потреба за никотин, без изложување на организмот на многуте штетни материи кои се ослободуваат со согорување на цигарите.

Напредокот во науката, технологијата и регулативата го промени начинот на кој живееме. Современата технологија им нуди можност на сите полнолетни пушачи да изберат алтернативи како уредите без чад кои работат на база на загревање на тутунот, наместо да го согоруваат, со што се елиминираат до 95 проценти од штетните материи кои се наоѓаат во чадот од тутунот. Покрај тоа што е докажано дека се помалку штетни алтернативи за пушачите и за луѓето околу нив, не е занемарлив ниту хигиенскиот бенефит од употребата на овие прозводи без чад. Бидејќи при нивното користење не се ослободува чад, пепел, ниту катран, нема повеќе зачадени простории и непријатни мириси од чад на кожата, косата, рацете, мебелот или во возилото.

За целосно разбирање на разликите, важно е да се напомене дека, иако се подобра опција, овие алтернативи не се без ризик и ослободуваат никотин кој создава зависност. Електронските уреди за загревање на тутунот се наменети исклучиво за возрасни пушачи кои инаку би продолжиле со пушењето цигари. Најдобра опција за секој пушач е да се откаже од пушењето и никотинот, но оние кои сакаат да продолжат со оваа навика имаат избор да одберат помалку штетна алтернатива.

Научно докажана алтернатива, која веќе четири години е достапна на нашиот пазар е уред базиран на технологија која го загрева тутунот, наместо да го согорува. Пред извесно време беше лансирана новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење. Овие уреди го претставуваат најновиот и најиновативниот додаток во растечкото портфолио на производи на компанијата Филип Морис наменети исклучиво за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg