Заврши IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show - Македонија седма светска сила во хип-хоп и стрит денс

На Светското првенство настапија вкупно 5.020 танчери од 35 земји

zavrshi-ido-world-hip-hop-championship-street-dance-show-makedonija-sedma-svetska-sila-vo-hip-hop-i-strit-dens-01.JPG

Скопје девет дена пулсираше во ритамот на хип-хопот, претворајќи се во вистински глобален центар на урбаната култура и енергија. Од 9 до 17 октомври, очите на хип-хоп светот беа вперени во Македонија, која за првпат беше домаќин на едно вакво големо и интернационално шоу. IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, донесувајќи го духот на уличната уметност во главниот град, а вкупно настапија 5.020 танчери од 35 земји, кои ги претставија своите најдобри движења на сцената.

zavrshi-ido-world-hip-hop-championship-street-dance-show-makedonija-sedma-svetska-sila-vo-hip-hop-i-strit-dens-02.JPG

Градот живееше во ритамот на музиката и кореографиите, а многубројната публика во „Борис Трајковски“ приреди незаборавна атмосфера, која ја славеше моќта на танцот да ги обедини различните култури и заедници. Шампионатот понуди платформа за танчери од различни возрасти и нивоа на искуство да ги покажат своите вештини и да се натпреваруваат со најдобрите од светот. Од поединечни соло изведби до групни кореографии, манифестацијата го славеше танцот како уметност што ги обединува младите и инспирира креативност.

zavrshi-ido-world-hip-hop-championship-street-dance-show-makedonija-sedma-svetska-sila-vo-hip-hop-i-strit-dens-03.JPG

Македонија заврши на седмото место од вкупно 35 држави, а најуспешни беа натпреварувачите од клубот „Брејк а Лег“, кој беше коорганизатор на првенството. Најголемиот успех го постигна Мила Србиноска, која ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи! Покрај златниот медал, Мила го освои и петтото место во дисциплината Popping.

zavrshi-ido-world-hip-hop-championship-street-dance-show-makedonija-sedma-svetska-sila-vo-hip-hop-i-strit-dens-04.JPG

Во поединечна конкуренција, за издвојување се и резултатите на Оливер Димитровски, кој се закити со сребрен медал во хип хоп соло мини, додека Ника Велковска го освои шестото место во истата дисциплина во конкуренција на 40 натпреварувачки. Во групните натпреварувања, нашите танчери од „Брејк а Лег“ освоија златен медал во категоријата хип хоп формација мини, додека во формација сениори македонските претставници завршија на петтото место во конкуренција на 50 натпреварувачи. Успехот на Македонија на првенството го комплетираа јуниорите, кои го освоија бронзениот медал во дисциплината Battle.

zavrshi-ido-world-hip-hop-championship-street-dance-show-makedonija-sedma-svetska-sila-vo-hip-hop-i-strit-dens-05.JPG

zavrshi-ido-world-hip-hop-championship-street-dance-show-makedonija-sedma-svetska-sila-vo-hip-hop-i-strit-dens-06.JPG

zavrshi-ido-world-hip-hop-championship-street-dance-show-makedonija-sedma-svetska-sila-vo-hip-hop-i-strit-dens-07.JPG

zavrshi-ido-world-hip-hop-championship-street-dance-show-makedonija-sedma-svetska-sila-vo-hip-hop-i-strit-dens-08.JPG

zavrshi-ido-world-hip-hop-championship-street-dance-show-makedonija-sedma-svetska-sila-vo-hip-hop-i-strit-dens-09.JPG

zavrshi-ido-world-hip-hop-championship-street-dance-show-makedonija-sedma-svetska-sila-vo-hip-hop-i-strit-dens-10.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg