ПроКредит го лансираше Предраг – првиот дигитален банкарски асистент кој ги доближува корисниците до иднината на дигиталното банкарство
- Детали
- среда, 16 октомври 2024
ПроКредит Банка официјално го објави лансирањето на првиот дигитален банкарски асистент во нашата земја – Предраг, кој ќе биде достапен за користење 24/7, а ќе послужи како уште еден за комуникација на банката со клиентите, сѐ со цел да овозможи уште полесно и попристапно банкарство.
Како дел од стратегијата за дигитализација на банката, Предраг е дигитален асистент кој ја нагласува посветеноста на ПроКредит во активно инвестирање во развојот на дигитални алатки за своите клиенти. Дигиталниот асистент е наменет за сите физички лица и технички е подготвен да одговори на теми поврзани со банкарските продукти и услуги во секое време.
Преку онлајн комуникација со Предраг, клиентите можат да добијат конкретен одговор или решение во врска со: информациите за услугите на банката за физички лица, понуди за кредити и кредитни производи, детални пресметки и амортизациони планови, понуди за производи за штедење, онлајн апликации за дигиталните услуги на банката, информации за тарифи и промоции, прашања поврзани со услугите поврзани со сметки, картички и електронско банкарство, како и информации за работењето на експозитурите и 24/7 зоните на банката.
Предноста на дигиталниот асистент е што неговото користење е навистина лесно и интуитивно, што го прави соодветен за сите корисници без разлика на нивото на технички познавања на некои напредни технологии. На овој начин клиентите добиваат брзи и едноставни решенија без да имаат потреба од посета на филијала.
„Како и досега, ПроКредит се стреми да биде иноватор на пазарот кога станува збор за дигитализација во банкарскиот сектор. Посебно сме горди на овој проект со кој започнуваме нова ера во дигиталното банкарство во нашата земја, како прва банка која нуди услуга за физички лица што ги користи бенефитите на вештачката интелегенција.
Нашиот дигитален асистент Предраг е одговор на динамичните потреби на клиентите во денешницата кои сакаат лесна, брза и флексибилна комуникација достапна во секое време. Со користење на вештачката интелегенција, нудиме опција со која клиентите во секое време можат да добијат персонализирана поддршка за сите нивни банкарски прашања поврзани со услугите на ПроКредит банка.
Веруваме дека Предраг ќе успее во мисијата да го подобри банкарското искуство на клиентите и ќе ја потврди нашата посветеност постојано да го унапредуваме дигиталното банкарство во регионот.“ – вели Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит банка.
Посветеноста на ПроКредит во развој на економијата и поддршка на локалните бизниси останува еден од главните императиви, што го потврдува и овој проект кој е сто проценти македонски производ создаден во соработка со ИТ компанијата Codewell.
Клиентите можат да пристапат до дигиталниот асистент Предраг целосно бесплатно и да се запознаат со можностите кои ги нуди преку веб-страницата на ПроКредит банка на www.pcb.mk.