Продолжува вложувањето во спортот - Mozzart донираше опрема на велосипедистите од МТБ Караула
- Детали
- вторник, 15 октомври 2024
Од фудбал ,кошарка, одбојка до планински велосипедизам, компанијата Mozzart останува верен поддржувач на спортистите во Македонија.
Овојпат лидерот во приредување игри на среќа, донираше опрема на велосипедистите од МТБ Караула од Струга.
„Членови сме на Македонската асоцијација на аматерски велосипедисти и активно учествуваме на повеќе вело тури низ Македонија. Голема благодарност упатуваме до компанијата Mozzart која ни излезе во пресрет со донација на спортски дресови наменети за планински велосипедизам.Продолжуваме и понатака со здрав дух и дружба со сите спортски друштва од нашата бранша”, изјави Сашо Клецкароски, Претседател на МТБ Караула.
Здружението за планински велосипедизам МТБ Караула e основано во 2023 година и брои триесет членови.
„Уште една успешно завршена приказна. Велосипедистите од МТБ Караула конечно добија нова опрема, благодарение на нашата компанија која имаше слух за нивното барање и истото го реализираше. Задоволството е големо кога имаш можност да помогнеш секаде каде е тоа потребно. Токму по овие патеки, Mozzart продолжува да чекори и натаму”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Кога станува збор за донација на спортска опрема, голем е бројот на клубови кои добиле комплет дресови од лидерот во приредување игри на среќа.
Покрај редовната акција “Нови дресови за нови шампиони”, позитивен одговор добија и други барања, како што е случајот со МТБ Караула.
Се додека има спортисти и желба за спорт, Mozzart е секогаш тука да ја даде потребната помош и поддршка.