Стокомак главна мета за српските медиуми
- Детали
- вторник, 15 октомври 2024
Веста која излезе од српските медиуми за проширување на македонскиот хард дисконт Стокомак во Република Србија, не запира со реакции во македонските и српските медиуми.
По повод интересот на српските граѓани за ново отворениот маркет на Стокомак во Куманово (ул.ЈНА, бр.18), кој од самото отворање е редовно посетуван и од нив.
На посета во македонскиот маркет дојде познатото српско јутуберско дуо “Шта да једем”- Милан и Томо Божичковиќ.
Тие ја документираа својата посета на Стокомак, и беа видно изненадени од големата понуда на производи по ниски цени која ја нудат маркетите на Стокомак како и површината на која е распостранет маркетот.
При крај на пазарењето, во видео може да се забележи изненадување на нивните лица за износот на фискалната сметка, за 4 полни торби која изнесуваше 2500 денари.
Покрај ниската цена на производите, “Шта да једем” преку дегустација го потврдија врвниот квалитет и вкус на производите на хард дисконтот Стокомак, кој наскоро се проширува и на српскиот пазар.
За повеќе може да погледнете на следното видео: