Како да го откриете вашиот тип на кожа? dm и Magnolia Glamour ви даваат корисни совети и предлог производи!
- Детали
- понеделник, 14 октомври 2024
Секој од нас има уникатен тип на кожа, и тоа е од суштинско значење за правилната нега.
Како што вели познатиот Магистер по фармација и специјалист по козметологија и естетика Magnolia Glamour, првиот и најважен чекор во изборот на соодветни производи за нега на кожа е да знаеме каков тип на кожа имаме. Но, како да го откриеме тоа?
Четири основни типови на кожа
- Сува кожа: Овој тип на кожа, може да дава чувство на затегнатост. Сувата кожа бара дополнителна хидратација.
- Масна кожа: Масната кожа е карактеризирана со сјај, особено во Т-зоната (чело, нос, брада). Овој тип на кожа е склона кон акни и проширени пори.
- Комбинирана кожа: Како што името сугерира, комбинираната кожа има карактеристики од сувата и масната кожа. Т-зоната може да биде масна, додека образите остануваат суви.
- Нормална кожа: Нормалната кожа е балансирана, без екстреми. Ова е идеален тип на кожа, но не значи дека и таа не бара редовна нега.
Типот на кожа е определен од генетиката, и тој е траен. Без разлика каков тип на кожа имаме, секој еден од нив може да се карактеризира со поголема или помала чувствителност (појава на акни, црвенило, чешање, перутење), па затоа е многу важно секој еден од нас соодветно да ја негува својата кожа со примена на:
- правилно чистење
- хидратација
- заштитен фактор секој ден, 365 дена во годината
Во ова видео, најкратко што може, Magnolia Glamour објасни како да го определите типот на кожа, сами и во домашни услови и како соодветно да ја негувате вашата кожа!
Сите производи кои таа ги препорача, се достапни во dm дрогериите!
Откривањето на вашиот тип на кожа е првиот чекор кон успешна нега. Следете ги советите на Magnolia Glamour и не заборавајте, секоја кожа е уникатна и заслужува посебно внимание. Вложете време во вашата нега и вашата кожа ќе ви биде благодарна! 🌟