Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција

Членот на карате клубот „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, ќе се бори за освојување на третото место на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција. На силниот шампионат во италијанскиот град, претставникот на скопската екипа учествува во категоријата над 84 килограми во У-21.

stojanovikj-od-makpetrol-kje-se-bori-za-bronza-na-svetskoto-karate-prvenstvo-vo-venecija-01.jpg

Стојановиќ не беше поразен во полуфиналето од Италијанецот Матео Аванзини. Борбата заврши 3-3, но поради правилото „прв освоен поен“, понатаму оди каратистот од земјата-домаќин. Каратистот од „Макпетрол“, пак, до полуфиналето нанижа три победи против претставници од Казахстан, од неутрална земја и од Канада. За бронзениот медал ќе ги одмери силите со Николаи Секот од Германија.

stojanovikj-od-makpetrol-kje-se-bori-za-bronza-na-svetskoto-karate-prvenstvo-vo-venecija-02.jpg

Добра настап на турнирот имаше и Данило Божовиќ (-84 кг). Со две победи во групата и една во репасажот тој беше на чекор на борба за бронза. Во клучното соочување загуби минимално во возбудлив меч со Јапонецот Јосуке Абе 7-8. Божовиќ го освои седмото место.

Македонската карате репрезентација во Венеција настапува со 35 каратисти со 37 натпреварувачки влезови. На Светското првенство во италијанскиот град учествуваат 1,990 спортисти со 1,936 натпреварувачки влезови од 113 држави.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg