„Бизнис лидер“ ги откри најуспешните македонски компании за 2023 година во останатите категории

Скопје, 10 октомври 2024 – „Бизнис Лидер“ го финализираше рангирањето на најуспешни македонски компании во сите категории од повеќе индустриски сектори кои ги исполнија бараните критериуми за квалитет. Врз основа на остварениот деловен приход, добивка и број на вработени, на 16-ти октомври 2024 година во хотелот Александар Палас, најдобро рангираните компании во секоја категорија ќе бидат наградени со престижните награди „Бизнис Лидер“.

biznis-lider-gi-otkri-najuspeshnite-makedonski-kompanii-za-2023-godina-vo-ostanatite-kategori-01.jpg

Во категоријата „Производство на пијалаци“ неприкосновен бизнис лидер за 2023-та година со највисоки приходи, највисока добивка и најголем број на вработени е најголемиот домашен производител на пиво и безалкохолни пијалаци Пивара Скопје. Од друга страна пак, на врвот на листата според највисоки приходи и најголем број на вработени во категоријата „Аптеки“ е Зегин Фарм, додека најпрофирабилна е Моја аптека. Компанијата ИГМ трејд го зазема прво место во категоријата „Производство на метали“ со највисоки приходи и највисока добивка, додека најголем работодавач во челичната индустрија е македонскиот гигант Макстил.

Лидерската позиција во категоријата „Трговија на големо со моторни возила“ во сите три клучни сегменти ја држи автомобилскиот гигант Порше Македонија, a македонскиот традиционален бренд Макпетрол цврсто го држи приматот на недостижен бизнис лидер во категоријата „Трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници“. Бизнис лидер со највисоки приходи, највисока добивка и најголем број на вработени во категоријата „Придружни дејности во превозот“ е Фершпед АД Скопје.

Апсолутен победник во категоријата „Компјутерско програмирање“ со највисоки приходи, највисока добивка и најголем број на вработени е македонската компанија Аксапта Мастерс, додека убедлив бизнис лидер во категоријата „Трговија на мало со спортска опрема во специјализирани продавници“ е скопската компанија Спорт М.

Минатиот месец „Бизнис лидер“ ги претстави и најуспешните македонски компании во првите десет категории: „Производство на фармацевтски производи и препарати“, „Трговија на големо со фармацевтски производи“, „Производство на млечни производи“, „Маркети“, „Трговија на големо со кафе, чај и зачини“, „Трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер“, „Трговија на големо со производи од тутун“, „Поштенски и курирски услуги, „Товарен патен транспорт“ и „Производство на текстил“, кои исто така ќе бидат наградени на претстојната свечена церемонија на доделување награди.

Бизнис Лидер ќе ги награди и најуспешните компании во категориите „Најбонитетната компанија во државата“, „Најбрзо растечката компанија од категоријата компании – газели“, „Стартап на годината“, „Бизнис лидер-жена“, а оние компании кои ќе стигнат до Топ 100 во земјата или Топ 10 во нивната индустрија ќе добијат сертификат за успешност.

Проектот „Бизнис Лидер“ е во организација на компанијата Евентика заедно со Таргет Груп како аналитички партнер и Халкбанк АД Скопје како главен партнер. Проектот има за цел да го поттикне развојот и зајакнувањето на позитивна деловна клима преку промоција на висока деловна пракса на најголемите и најпрофитабилните компании, како и да им оддаде признание, да ги инспирира и поврзе бизнис лидерите, претприемачите, инвеститорите и иноваторите кои придонеле за економскиот раст и развој на Македонија. ​

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg