Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври
- Детали
- петок, 04 октомври 2024
- Се работи на имплементацијата на нова иновативна платформа за поефикасно опслужување на корисниците
Ги известуваме корисниците дека за време на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври 2024 година, продавниците на Телеком низ цела Македонија нема да работат. Се работи на имплементирање на нова ИТ платформа којашто ќе го подобри оперативното работење за подобро корисничко искуство.
Дополнително, викендов нема да биде во функција ниту онлајн продавницата на Телеком поради истата надградба. Од понеделник, 7 октомври, сите продажни канали ќе бидат повторно достапни.
Целта на креирањето на новата иновативна ИТ платформа е унапредување на секојдневните деловни процеси, зголемување на продуктивноста на вработените, како и поефикасно опслужување на корисниците.