За подобри услови во образованието - Донација од Mozzart за две институции
- Детали
- четврток, 03 октомври 2024
Под мотото да се биде хуман и да се помогне, лидерот во приредување игри на среќа продолжува со општествено одговорните акции.
Овојпат, помош од Mozzart стигна на адресите на ООУ ‘’Ѓорче Петров’’ и ЈУОДГ ‘’Гоце Делчев’’ од Скопје, каде беа донирани телевизори, потребни за подобра организација и непречено одвивање на воспитно образовниот процес.
„Современа опрема за современа настава! Благодарение на компанијата Mozzart, учениците од ООУ"Ѓорче Петров" добија донација од 5 телевизори за непречено следење на наставата. Целта е да се развиваат информатичките компетенции, поттикнување на нивната креативност и автономија во учењето преку аудитивни и визуелни материјали’’, изјави директорката на ООУ „Ѓорче Петров“, Елена Думиќ.
„Во име на детската градинка “Гоце Делчев” изразувам благодарност до компанијата Mozzart за донацијата од 5 телевизори. Истите ќе најдат своја примена и ќе го зголемат квалитетот на воспитниот процес”, изјави директорката на ЈУОДГ „Гоце Делчев“, Катерина Бојковска.
Долг е списокот на институции кои до сега беа опфатени со оваа акција на Mozzart. Дел од нив се ООУ “Страшо Пинџур” од Скопје, ООУ “Ванчо Прке” од Штип, ООУ “Ѓорѓи Сугарев” од Битола и ЈЗУ Неготино.
„Тргнувајќи од фактот дека децата се нашата иднина, тие треба да ги имаат сите потребни услови за реализација на воспитно образовниот процес. Токму затоа нашата компанија веднаш даде позитивен одговор на овие две барања. Со донацијата на телевизорите кои ќе бидат поставени во училниците и занималните, ќе се подобри следењето на наставата и воспитните активности. Среќни сме што успеавме да помогнеме”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Како компанија која е препознатлива по својата желба да помогне секаде каде е тоа потребно, Mozzart и натаму продолжува да дава поддршка во образованието, како и во сите останати области.