Започнува традиционалниот „НЛБ Месец на штедење“, годинава на тема „Штедиме и правиме добри дела“

Денеска НЛБ Банка официјално го започна „Месецот на штедење“ кој годинава се одбележува на тема „Штедиме и правиме добри дела“. Традиционално, почетокот беше одбележан со претстава со маскотите на детското штедење Тиби и Штуки, како и дружење со специјалните гости од Црвениот крст на Град Скопје. Основци од неколку училишта од Скопје уживаа во забавно-едукативна програма и со љубопитство ја следеа претставата посветена на штедењето и добрите дела.

zapochnuva-tradicionalniot-nlb-mesec-na-shtedenje-godinava-na-tema-shtedime-i-pravime-dobri-dela-01.JPG

Во „Месецот на штедење“ кој ќе трае до 25 октомври, НЛБ Банка предвидува низа забавни активности и едукативни содржини кои имаат за цел да ги едуцираат децата колку и зошто е важно да создадат навики за штедење уште од најрана возраст.

zapochnuva-tradicionalniot-nlb-mesec-na-shtedenje-godinava-na-tema-shtedime-i-pravime-dobri-dela-02.JPG

И оваа година, предвиден е традиционалниот ликовен конкурс на детски цртежи на тема „Штедиме и правиме добри дела“. На конкурсот може да учествуваат деца од 5 до 15-годишна возраст кои до 25.10.2024 ќе ги испратат своите ликовни творби, по електронски пат, преку веб-страницата: www.stedenje.nlb.mk. На крајот на октомври, најдобрите цртежи избрани со гласање преку истата веб страница, како и од страна на посебна жири комисија составена од реномирани македонски уметници ќе бидат наградени со парични награди и признанија.

zapochnuva-tradicionalniot-nlb-mesec-na-shtedenje-godinava-na-tema-shtedime-i-pravime-dobri-dela-03.JPG

„Финансиската писменост кај најмладата популација е од особено значење за нас.  Не случајно НЛБ Банка, веќе 13-та година по ред, „Месецот на штедење“ го користи токму за едукација преку забавни и поучни активности. Покрај традиционалната тема „штедење“, оваа година се одлучивме да зборуваме и за хуманите вредности односно правењето добри дела. Силно веруваме дека ќе успееме да ги инспирираме децата да размислуваат, но и da делуваат во оваа насока. Сакаме да го поттикнеме и засилиме нивното чувство на хуманост и љубезност, најмоќните и најкорисните алатки од сите социјално-емоционални вештини. Правењето добри дела ја подобрува благосостојбата на децата и го отвора патот за сите други важни социјални вештини како основа за здрав развој“- истакнуваат од НЛБ Банка.         

zapochnuva-tradicionalniot-nlb-mesec-na-shtedenje-godinava-na-tema-shtedime-i-pravime-dobri-dela-04.JPG

Оваа година, најавен е предизвик за училишта, во духот на темата „Правиме добри дела“. Имено, училиштата кои ќе земат учество во предизвикот и ќе направат добро дело (донација на облека или играчки, учество во подготовка на храна за дневни центри, посета на дом за стари лица, или слично) потребно е да испратат документирани информации и фотографии од нивните добрите дела на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  најдоцна до 25.10.2024. Сите училишта кои ќе учествуваат во овој предизвик ќе добијат сет подарок за училиштето.

zapochnuva-tradicionalniot-nlb-mesec-na-shtedenje-godinava-na-tema-shtedime-i-pravime-dobri-dela-05.JPG

„Месецот на штедење“ ќе заврши со голема изложба на ликовните творби кои ќе пристигнат на конкурсот за детски цртежи, што ќе биде поставена во просториите на НЛБ Галерија и отворена за љубителите на детската уметност.

zapochnuva-tradicionalniot-nlb-mesec-na-shtedenje-godinava-na-tema-shtedime-i-pravime-dobri-dela-06.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg