Халкбанк ја продолжува мисијата – ги инспирира граѓаните да го изберат здравиот начин на живот
- Детали
- среда, 25 септември 2024
Во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, платформата HalkEco како апликација и програма има за цел да ги мотивира луѓето да бидат физички активни и да придонесуваат во насока на екологијата.
Таа е заснована на зелената агенда на Халкбанк како еко-ориентирана компанија која низ годините на своето делување дава силна поддршка на сè она што е во насока на негување здрав животен стил и заштита на животната средина.
HalkEco претставува апликација која го охрабрува секој корисник да биде физички активен, еко свесен и да ја мотивира заедницата да го следи неговиот пример. При извршување на која било активност како трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет, корисникот добива HalkCoins и освојува различни нивоа, за што следуваат подароци кои можат да се изберат преку апликацијата. Како резултат на тоа, HalkEco за секои изминати 80 километри од страна на сите корисници заедно, засадува по едно дрво.
Многу спортски настани во изминативе години добија поддршка од банката, а дел од оваа платформа е и традиционалната хронометар велосипедската трка Halk Velo Green, која секоја година во организација на Халкбанк се одржува на 8 септември во Маврово. Halk Velo Green успешно ја постигнува и својата зелена мисија, преку собраните средства од котизациите за учество во трката кои се користат за општествено корисни цели, односно засадување над 20.000 садници во македонските шуми.
Halk Velo Green е само една од општествено одговорните активности на банката, насочени кон поттикнување и негување здрави животни навики и заштита на природата, а кои се реализираат во партнерство со Mastercard и преку платформата HalkEco.
Во духот на овие заложби, Халкбанк го поддржа и шестото издание на трката „Трчај бе“, која изминатиот викенд се одржа во Битола и на која учествуваа 1.800 натпреварувачи од 25 земји, а меѓу нив и учесници од Филипини, Индија, САД, Ерменија, Португалија, Шпанија, Бразил, Мексико, Австралија, Пакистан, Нигерија итн. Се одржаа вкупно три трки – на 5 км, 10 км и 21 км, а оваа година полумаратонот - односно 21-километарската трка претставуваше и Национално првенство во полумаратон, под покровителство на Атлетската федерација на Македонија.