Божиновски го додели 45-тиот дијамант на „Дијамантите на светската кинематографија“ по повод 45 години Манаки и традиционално ја изработи статуетката на наградата „Голема ѕвезда на македонската кинематографија“

На свеченото отворање на новото издание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ 2024, традиционално се одржа церемонијата за доделување на статуетка „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија за исклучителен придонес во македонската кинематографија, а покровител и изработувач на оваа награда е  компанијата „Божиновски часовници и накит“ .

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-02.JPG

„Големата ѕвезда на македонскиот филм“, која „Божиновски часовници и накит“ традиционално ја изработува неколку години по ред, годинава беше доделена на Димитар Грбевски за неговиот исклучителен придонес во македонската кинематографија. Димитар Грбевски е реномиран филмски монтажер, познат по своите значајни дела како „1971 година: Ембрио No. M.“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“ и многу други, кои оставиле длабок траг во историјата на македонскиот филм.

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-01.JPG

Додека пак со пет нови дијаманти на „дијамантите“ на светската кинематографија кои учествуваат на годинешното издание на Манаки. се закитија:

  • Јоланта Дилевска, PSC
  • Бруно Делбонел, AFC, ASC
  • Алис Брукс, ASC
  • Дејвид Смит
  • Ненси Шрајбер, ASC

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-03.JPG

„Вредноста на делата на сите овие луѓе на кои имаме чест да им го доделиме ова признание, не може да се измери ниту со скапоцени зборови, ниту со најскапоцените дијаманти. Ние можеме само да бидеме благодарни што секоја година Битола има непроценлива можност да живее со креативната енергија на овие луѓе и тоа да ни служи како секојдневен потсетник дека културното живеење е најдобрата душевна храна“, изјавија од „Божиновски часовници и накит“.

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-04.JPG

Од компанијата  истакнаа дека во рамките на своите можности ќе продолжат со постојана поддршка на културата, бидејќи тоа е единствениот начин да се избруси нашето општество и да ги издвојиме градовите во нашата земја, како што е Битола, со сјајот кој го заслужуваат. Во тој контекст како што веќе информираа од фестивалот и компанијата, „Божиновски часовници и накит“ на Широк Сокак, во стилот на „Булевар Холивуд“ во форма на ѕвезди ги избруси имињата на добитниците на главната награда на Манаки – Камера 300 низ годините, како уште една значајна безвременска вредност која компанијата ја подарува на својот град – Битола.

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-05.JPG

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-06.JPG

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-07.JPG

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-08.JPG

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-09.JPG

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-10.JPG

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-11.JPG

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-12.JPG

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-14.JPG

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-po-povod-45-godini-manaki-i-tradicionalno-ja-izraboti-statuetkata-na-nagradata-gole.JPG

bozhinovski-go-dodeli-45-tiot-dijamant-na-dijamantite-na-svetskata-kinematografija-po-povod-45-godini-manaki-i-tradicionalno-ja-izraboti-statuetkata-na-nagradata-golema.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg