Познати најуспешните македонски компании за 2023 година во првите 10 категории на „Бизнис Лидер“

Скопје, 23 септември 2024 – Проектот „Бизнис Лидер“ го комплетираше рангирањето на најуспешни македонски компании во првите 10 категории од вкупно 22 категории од повеќе индустриски сектори. Најдобро рангираните компании во овие категории ќе бидат наградени врз основа на нивните резултати во 2023 година според објективните рангирања на Бизнис Мрежа за вкупниот приход, профит и број на вработени.

poznati-najuspeshnite-makedonski-kompanii-za-2023-godina-vo-prvite-10-kategorii-na-biznis-lider-01.JPG

Во категоријата „Производство на фармацевтски производи и препарати“ лидерската позиција во сите три клучни сегменти ја задржува фармацевтскиот гигант Алкалоид АД Скопје.  Од друга страна пак, на врвот на листата според добивка за 2023 година во категоријата „Трговија на големо со фармацевтски производи“ се наоѓа Акционерското друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјал, промет и услуги Д-р Пановски АД Скопје, додека лидер со највисоки приходи и најголем број на вработени е домашната веледрогерија Зегин ДОО Скопје.

Во категоријата „Производство на млечни производи“ неприкосновен лидер во делот на приходи и број на вработени е Млекара АД Битола, но според остварениот профит минатата година на пиедесталот се наоѓа Цермат ДОО Битола. Кам маркет го зазема прво место во категоријата „Маркети“ со највисоки приходи и најголем број на вработени, а рекордер по добивка веќе неколку години по ред е Веропулос. Во категоријата „Трговија на големо со кафе, чај и зачини“ лидер со највисоки приходи и најголем број на вработени е компанијата Атлантиц Гранд, но највисока добивка има остварено компанијата Фриготерм Трејд . Компанија со највисоки приходи во категоријата „Трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер“ e Атлантик Трејд, а лидер со највисока добивка и најголем број на вработени е компанијата Алма-М.

poznati-najuspeshnite-makedonski-kompanii-za-2023-godina-vo-prvite-10-kategorii-na-biznis-lider-02.JPG

Лидерската позиција во категоријата „Трговија на големо со производи од тутун“ ја заземаат компаниите Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп со убедливо највисока добивка во однос на останатите компании од оваа категорија, Експанда со највисоки приходи и Пекабеско со најголем број на вработени. Бизнис лидер со највисоки приходи и најголем број на вработени во категоријата „Поштенски и курирски услуги е Македонска пошта, но компанијата ДХЛ експрес Македонија е најпрофитна фирма од дејноста курирски и поштенски услуги. Во категоријата „Товарен патен транспорт“ на првата позиција со највисоки приходи и најголем број на вработени е компанијата Дени интернационал, додека Оилко КДА доминира во сегментот највисока добивка. Бизнис лидер во категоријата „Производство на текстил“ со највисоки приходи и добивки е прилепската фабрика Комфи ангел, додека лидер по број на вработени е штипската Адиент сеатинг.

Церемонијата на доделување на престижните награди „Бизнис Лидер“ ќе се одржи на 16-ти октомври 2024 година во хотелот Александар Палас, во чии рамки е предвидено спектакуларно шоу, инспиративни говори од успешни менаџери од светски рамки и прослава каква што македонската бизнис заедница заслужува. Ќе бидат истакнати победниците во секоја категорија, а оние кои ќе стигнат до Топ 100 во земјата или Топ 10 во нивната индустрија и категорија ќе имаат право да добијат сертификат за успешност.

Проектот „Бизнис Лидер“ е во организација на компанијата Евентика заедно со Таргет Груп како аналитички партнер и Халкбанк АД Скопје како главен партнер. Проектот има за цел да го поттикне развојот и зајакнувањето на позитивна деловна клима преку промоција на висока деловна пракса на најголемите и најпрофитабилните компании, како и да им оддаде признание, да ги инспирира и поврзе бизнис лидерите, претприемачите, инвеститорите и иноваторите кои придонеле за економскиот раст и развој на Македонија. ​

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg